X
 04.07.2018 Живот

Панамски мајмуни почнале да користат камења како алатки

Можеби е тешко да се поверува, но во далечното минато токму камењата ги збунувале нашите предци. Како функционираат тие? Зошто има толку многу големини?

Но, пред околу 2 милиона години некој праисториски човечки потомок зел камен и почнал да го користи како алатка. Како ужасен моден тренд, оваа практика брзо станала популарна. За кратко време сите сакале свои камења, а потоа почнале да ги острат и да ги користат за лов. Тоа било славно време.

Постојат само три познати вида примати што користат алатки: шимпанзата, брадестиот капучин и макаките со долги опашки. Оваа популација белоглави капучини на островот Хикарон кај Панама е независна од нивните браќа во последните 6 милиони години.

Ова е прилично голем настан. Додека е прилично лесно да се оди на „Јутјуб“ и да се најдат многу видеа на примати што користат алатки, имајте на ум дека ова е дива популација и дека заробените животни изгледа го развиваат користењето на алатките многу побрзо бидејќи имаат изобилство на време, материјали и нема предатори. Истражувачите веруваат дека оваа популација на капучини е уникатна поради тоа што на островот Хикарон нема други природни предатори, што значи дека капучините имаат време за работа и усовршување на употребата на алатките.

Она што ја прави веста уште поинтересна е тоа што практиката сѐ уште не е проширена на останатиот дел од островот и покрај сличните живеалишта. Само неколку мажјаци на одреден дел од островот ја развиле вештината и се чини дека е научена.

Можеби овие мајмуни можат да ја прошират употреба на алатката? Тоа е веројатно она што се случило со нашите предци пред околу два милиона години.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот