X
 26.06.2017 Живот

Гаман - спартанското воспитување на Јапонците

Гаман е уште еден збор од јапонскиот морален кодекс кој е тешко да се преведе. Значи дека мора да се биде трпелив, истраен и издржлив до таа мера што тоа понекогаш се граничи со здравиот разум. Спартанското воспитување можеби изгледа како детска игра во споредба со јапонското.

Учениците и студентите во периодот на најголеми горештини и влага прават склекови, трчаат и тренираат. Во зима често слушаат предавања во ледени училници (иако има греалки) за да ја засилат волјата и да искусат непријатност. Кога децата нешто силно сакаат, родителите ќе им речат гаман, а тоа може да потрае предолго. Ако им е ладно, топло, гладни се или жедни, или пак се уморни, гаман е секогаш одговорот.

Ваквата особина им помогнала на Јапонците полесно да ги пребродат тешкотиите како што се земјотреси, тајфуни, поплави, војна. Од друга страна, гаманот може да биде и негативно искористен. Надредените можат својот садизам да го применат на своите вработени знаејќи дека гаманот им е сојузник. Подредените пак, повторно заради гаманот ќе ја издржуваат тортурата.

Во Јапонија „вистинскиот човек“ мора потполно да го применува гаманот со последните сили, а оној кој не е во состојба е кукавица. Скромноста е особина која многу се цени во земјата. Луѓето работат напорно и многу и никој не се фали со тоа, ниту пак некој ги потенцира своите таленти и вештини.

Иако звучи премногу строго, сепак Јапонците се трпеливи, вредни, скромни, не се жалат, иако се разбира не им е на сите добро и постојано имаат насмевка на лицето.

Текст на Весна Белушевиќ - detinjarije.com
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот