Секој родител му го посакува најдоброто на своето дете - голем дел од нив уште во текот на бременоста размислуваат за тоа како да се постават кон своите деца и на кој начин да ги воспитуваат. Сепак, истражувањата покажуваат дека јапонските деца се најсреќни во светот и тоа поради нивниот начин на живот, односно поради родителите, кои имаат посебен пристап во нивното воспитување.
Што можеме да научиме од нив?
Фото: Getty Images
- Иако се соочени со брзото секојдневие и многубројните обврски, Јапонците секој слободен момент го поминуваат со своите деца. Свесни за фактот дека на децата за брзо време им здосадуваат некои намирници, тие им дозволуваат да експериментираат со нови вкусови и не ги присилуваат да јадат нешто што не го сакаат само затоа што е здраво.
- Оброкот им го сервираат во малечки садови за децата да не се исплашат од количината на храна што мора да ја изедат. Помали оброци во текот на денот е нивната формула.
- Здравјето и среќата на децата зависат и од физичката активност. Јапонците не се грижат за тоа како ќе изгледаат во јавноста, па се глупираат, скокаат и си дозволуваат да бидат „деца“ и да прават различни глупости.
- Нивните оброци се семејни, односно сите јадат заедно на маса и децата се вклучуваат во приготвувањето на храната. Освен забавата, децата на тој начин стекнуваат и учат за здравите навики и тајните на приготвувањето оброци уште од мали нозе.
-
Родителите во Јапонија не користат исклучиво авторативен пристап кон децата. Ги слушаат и се подготвени да ги променат своите ставови и одлуки кон некои желби на децата.