Домашната задача не е нешто во кое уживаат повеќето деца, особено кога тоа им е обврска во текот на распустот.
Кога на едно дете му било кажано дека конечно мора да ја заврши домашната задача по англиски јазик, која ја одложувало за време на празниците, тоа не се воздржало за да искаже како се чувствува. Неговата мајка објавила слика од нејзиниот 7-годишен син на „Твитер“, откако тој ја завршил на интересен начин. Имал задача да креира реченици во кои требало да ги има следните зборови: готово (over), еден (one), мал (little), може (can), две (two), кој/што (that), надвор (out), рече (said), исклучено (off) и три (three).
Агнус, видно вознемирен што воопшто треба да пишува домашна работа, решил да биде креативен во своите одговори. Наместо да креира серија реченици кои ќе ги содржат потребните зборови, речениците на Агнус биле фокусирани на тоа колку тој ја мрази домашната работа:
„Преку глава ми е од домашна задача“ (I’m so over homework)“.
„Никој не сака домашна задача“ (No one likes homework)“.
На крајот, Агнус уште додава: „Зачувајте ги дрвјата. Помалку домашна работа (Save the trees. Less homework.)“
Неговите
реченици наишле на голем интерес кај интернет-корисниците, а луѓето му доделуваат позитивни критики за неговите имагинативни одговори. Но, има и такви што коментираат дека неговиот начин покажува непочитување кон родителот и кон училиштето воопшто.