X
 17.08.2015 Живот

Четиригодишно момче и` одржа лекција на Европа за мигрантите

Никлас е новата интернет-ѕвезда во Европа. Причината за неговата популарност е едноставна - малото момче беше искрено на ТВ. За време на мал разговор со музичар, малиот Никлас добил прашање за неговиот престој во градинка.


- Да, убаво е. - е одговорот на Никлас.

- Дали таму има странци?

- Нема, таму сите се деца. - одговорил Никлас.

Според Никлас нема разлика од каде доаѓаат неговите врсници. Четиригодишникот го дал совршениот одговор на прашањето за мигрантите во Германија и останатите земји во Европа според многу Германци.

Можеби овие 5 зборови ќе бидат доволни да се стави крај на долгата дискусија. 



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот