X
 10.01.2018 Живот

Ведрана Рудан со отворено писмо до Марк Цукерберг

Писмото на Ведрана Рудан ви го пренесуваме во целост:

фото извор: novosti.rs
„Еј Марк,

твоите момци ми го отстранија од „Фејсбук“ – „Отвореното писмо до шупаците“ бидејќи некои „шупаци“ полудеа од содржината. Моето писмо, наводно, е говор на омраза, а за омразата, на „Фејсбук“ немало место. Ха, ха, Марк, за ова навистина првпат слушам. Моето писмо не е говор на омраза, туку говор на ЖРТВА, а тоа е важна разлика. Јас сум жена, па така и жртва. За разлика од мажите, особено белите Американци чие богатство се мери во милијарди долари, јас немам моќ. Можам само да врескам. Тоа и го правам.

Се разбира дека само на кретен може да му падне на памет дека сум пишувала за сите мажи. Марк, дали си чул за хипербола? Син ми ми рече (тој ги уредува и ги поставува моите текстови на „Фејсбук“) дека си му забранил пристап до профилот на 24 часа. Ако не те послуша, ќе следува остра казна. Што ќе му направиш? Што на сиромашните кои мислат погрешно и живеат далеку ќе им направат белите, богати Американци? Ќе му ја ставиш главата во тоалетна школка додека не признае? Ќе го маваш со дрон? Ќе му фрлиш бомба со осиромашен ураниум над станот купен со кредит?

Еј, Марк. Знаеш кој си ти? Бел, богат Американец кој мисли дека со пари може да го забрани правото на мислење, правото на став, правото на ХИПЕРБОЛА. Може во моментов, но ништо не трае вечно, па нема ни американското дивјаштво.

Јасно ми е дека неколку возбудени мажјаци се погодени од мојот текст, но ниту еден маж од мојот круг на пријатели не се препозна, па знам дека овие првите барале од тебе да го отстраниш мојот текст. Затоа што и ти си „шупак“. Не, не сум лута. Впрочем, кој сака да прочита што сум напишала, ќе ја посети мојата веб-страница.

Ти пишувам бидејќи имаш две ќерки. Запомни, и ним животот ќе им биде пекол само затоа што се жени. Твоите пари нема да им помогнат да бидат помалку жени и помалку жртви. Како што ни ова писмо нема да те просветли.

Ете, јас напишав, а ти бриши.

Ведрана Рудан, жена“

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот