X
 14.01.2015 Образование

Професорскиот пленум со отворено писмо до Претседателот на РМ


ОТВОРЕНО ПИСМО
 
до Претседателот на Република Македонија
проф. д-р Ѓорге Иванов

14 јануари 2015 година

Почитуван Претседателе/колега Иванов,



Ние, долупотпишаните членови на Професорскиот пленум, Ве охрабруваме и бараме од Вас да не го потпишете указот за прогласување на Законот за измени и дополнувања на Законот за високо образование, заедно со останатите четири закони од областа на образованието, и да ги вратите на пратениците на повторно разгледување.

Знаеме дека и покрај евентуалното вето, Собранието со апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници може да ве „принуди“ да го ставите потписот покрај оној на Претседателот на Собранието.  Но, сакаме да веруваме дека во двоглавата извршна власт Вие ќе настапите самостојно, независно, како некој кој е избран на директни избори, како Некој чиј легитимитет извира од Нас, ГРАЃАНИТЕ,  а не од парламентарното мнозинство.

Ве потсетуваме на Вашата одговорност за заштита од кршење на Уставот и законите во вршењето на Вашите права и должности.  Ве потсетуваме на Вашиот повик за дијалог, кој не го слушнаа ни министрите, ни пратениците од власта, со ретки исклучоци. Ве потсетуваме на фрлените устави од студентите, како знак за флагрантно кршење на македонскиот Устав, како НАЈВИСОК ЗАКОН, но и ОПШТЕСТВЕН ДОГОВОР ВО РУСООВА СМИСЛА!!  

Сигурни сме дека лично сте имале увид во над 130-те страници забелешки и сугестии, испратени преку Ректоратите до Владата и пратениците, подготвени во најкусиот можен рок за давање мислења во историјата на „законодавната“ процедура. Но, знаете дека  Владата ја претрка Интеруниверзитетската конференција, закажувајќи седница во недела на која сама си измени некои решенија, не чекајќи ги нашите мислења.  

Искористете го демократскиот предизвик да бидете ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ кој ставил АРГУМЕНТИРАНО ВЕТО, повикувајќи се на УСТАВОТ.

Претседателе, колега, поранешен претседател на Одборот за акредитација, не ставајте потпис на  измени кои погрешно се нарекуваат „реформски“. Не ставајте потпис на текст кој не наликува на законски со оглед на бројните заскитани одредби на кои не им е место во закон, непознатата „номотехника“, со која е пишуван, односно непрецизноста, нејасноста, конфузноста, контрадикторноста и навредливо лошиот македонски јазик, на кој се напишани измените и дополните.

Размислете за легитимитетот на законските измени и дополнувањана на Законот за високо образование,  зашто ќе биде донесен не само без најголемата опозициска партија, туку и без јавна дебата, како и без НИТУ ЕДЕН ПРИФАТЕН АМАНДМАН од  парламентарната опозиција или од пратеници од партиите кои се дел од владеачката коалиција, но кои се одважија да ги критикуваат законските измени!!    

ВЕ прашуваме: Може ли да зборуваме за концепт за реформи, по петнаесет измени и дополнувања?  Не, потребен е НОВ ЗАКОН, заснован на темелна дијагноза, јасна концепција за реформа, поткрепена со податоци и факти, широка дебата, правно заснована процедура.  

Дозволете ни да наведеме некои од аргументите од кои се раководиме во барањето:
-    Зарем ќе поддржите измени и дополнувања со кои се негира и анулира академската слобода изразена како „слобода на утврдување на правилата на студирање, облиците и видовите на наставно-образовните дејности и на проверката на знаењата на студентите; измени со кои се негира слободата на избор на студиските програми и содржината на одделните предмети, како и слободата во утврдувањето на условите и критериумите за студии од прв, втор и трет циклус, како и другите видови на образование, загарантирана со членот 12 од Законот?  
-    Зарем не е неуставно и спротивно на автономијата на Универзитетот да се посега по проверка на знаењето од страна на парадржавен орган, Одбор за акредитација и евалуација, избран од Собранието, а не од самиот Универзитет и тесно поврзан во работењето со Владата ?  
-    Зарем не е спротивно на Уставот и на Европската конвенција за човекови права да се нарушува приватноста на студентите кои ќе се снимаат за време на полагањето, а снимката ќе стои на веб-страницата на МОН, па и на Јутуб?
-    Зарем не е незаконски (Закон за вработените во јавниот сектор), на државни универзитети да се поставуваат декани и ректори –странци? Што станува со одговорноста, што станува со јазикот за интерна комуникација?
-    Зарем верувате дека со бројните тестови и проверки од страна на државни и полудржавни тела ќе се профилира „наставник-натчовек“ и нема да се загрози знаењето од незнањето, знаењето од политиката?
-    Зарем верувате дека со тест од типот а, б, в, г ќе го провериме „вистинското“ критичко знаење и квалитет, а не само меморијата, отворајќи простор за паралелен   испит, но и овозможувајќи трговија со тестови, опасност од нивно пробивање, дополнителни трошоци за студентите, но и за државата и факултетите?  
-    Зарем малку млади и дипломирани кадри ни избегаа од Македонија, пa е потребно дополнително да го поттикнеме одливот на мозоци?!
-    Зарем  мислите дека „салто –морталето“ на моделот на студирање од „ Болоњски“ во „ново-македонски“, без никаква анализа и дијагноза и без никакви подготовки значи реформа, а не вовед во парализа и вакуум?
-    Зарем мислите дека со заборавањето дека SCOPUS е европски пандан на Thomson Reuters преку ноќ ќе станеме aмерикански научници во сите области, па и во оние кои се врзани за поинаква, европска традиција?
-    Зарем мислите дека со дваесет пати помалку јавни фондови наменети за науката може да се реализираат наметнатите законски критериуми?
-    Зарем ќе потпишете небулозно решение според кое (не)полагањето на државниот испит од страна на странските државјани се врзува за припадност на членка на ОЕЦД, како економска асоцијација!?  
-    Зарем мислите дека со затворски казни, непримерни за образованието од средниот век до денес, ќе добиеме подомаќинско, правно втемелено и подобро универзитетско управување?        
-    Зарем мислите дека толку долга треба да биде државната неуспешна рака за да ги „дисциплинира“ универзитетите? Тогаш што подразбирате под автономија на универзитетите, која иронично, е регулирана во истиот закон?
-    Зарем  мислите дека со одредба, која остана недопрена, а која се дава можност да се преполагаат испити, пет години по дипломирањето, како „законски повик“ за фалсификување на јавна исправа ќе се реформираме?
-    Зарем мислите дека со дискриминаторската августовска измена на Законот за високо образование, со која мажите на Универзитетот може да го продолжат договорот за работа до 67 години, а жените до 65 години, сме на линија на уставно гарантираната полова еднаквост, заборавајќи на неколкуте поништувачки одлуки на Уставниот суд на слични законски одредби?   


Извинете нѐ за примерите, но ги посочивме во поткрепа на барањето и во функција на Образложението на евентуалното вето.


Цврсто уверени дека со овие законски измени се кршат Уставот и човековите права, како и европските и  меѓународните документи кои ја гарантираат универзитетската автономија и принципите на квалитетното образование, веруваме дека ќе постапите ДРЖАВНИЧКИ, согласно вашиот уставен статус и уставни надлежности, водени од сопственото уверување,   со почитување на една од најголемите европски вредности : ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО!!!



VIVAT ACADEMIA, VIVANT PROFESORES!
 

 


Потписници:
Абдулменаф Беџети, академик
Авзи Мустафа, професор
Агни Алиу, професор
Агрон Рустеми, доцент
Аднан Ќахил, професор
Адриан Бесими, доцент
Александар Грчев, професор
Александар Димков, научен соработник
Александра Николоска, доцент
Александра Крколева, доцент
Александар Додовски, доцент
Александар Поповски, професор
Александар Стамболиев, предавач
Александар Трајковски, доцент
Александар Трендафилов,професор
Александар Џукески, професор во пензија
Александра Ѓуркова, научен советник
Александра Теменугова, помлад истражувач
Александра Цветковска-Ѓорѓиевска, асистент  
Али Пајазити, професор
Ана Ашталковска Гајтаноска, доцент
Ана Крстевска, асистент
Ана Мартиноска, професор
Ана Пејчинова, доцент
Ана Стојаноска, професор
Ана Фрицханд, доцент
Ана Чупеска, доцент
Ана Шукарова, професор
Анастас Мишев, професор
Анастасија Ѓурчинова, професор
Ангел Герогиев, професор во пензија
Ангелина Бановиќ-Марковска, професор
Анета Бараковска, професор
Анета Серафимова, професор
Анита Кузманоска, професор
Антоанела Петковска, професор
Арафат Шабани, професор
Артан Садику, асистент
Беким Фетаји, професор
Билјана Блажевска Стоилковска, доцент
Билјана Ванковска, професор
Билјана Камчевска, професор
Билјана Кузмановска, доцент
Билјана Миова, доцент
Билјана Ристеска Стојкоска, доцент
Билјана Секуловска Габер, професор
Бисера Станкова, лектор
Благица Сековска, професор
Владимир Цветковски, професор во пензија


Влатко Илиески, професор
Влатко Коробар, професор
Воjислав Саракински, доцент
Газанфер Бајрам, академик
Гезим Џафери, професор
Гога Цветковски, професор
Горазд Смилевски, предавач
Горан Биџовски, доцент,
Горан Зенделовски, доцент
Горан Јанев, професор
Горан Коевски, професор
Горан Николовски, професор
Гордан Калајџиев, професор
Гордана Алексова, виш лектор
Гордана Апостоловска, професор
Гордана Попсимонова, професор
Гордана Силјановска Давкова, професор
Гоце Арсов, професор во пензија
Гоце Наневски, професор
Гоце Смилевски, доцент
Даворин Трпески, доцент
Дана Дина Колевска, професор
Дана Прелиќ, професор
ДаниелаТошева, насловен доцент
Дарија Андовска, доцент
Дарин Ангеловски, асистент
Дарко Стојанов, доцент,
Дејан Андонов, предавач
Дејан Ѓорѓевиќ, професор
Дивна Пенчиќ, доцент
Димитар Апасиев, асистент
Димитар Димитров, професор во пензија
Димитар Љоровски, доцент
Дона Колар-Панов, професор
Доне Гершановки, професор
Драган Славков, професор во пензија
Душан Биков, асистент
Ѓорѓи Јота, професор
Ѓорѓи Марјановиќ, професор во пензија
Ѓорѓи Филиповски, академик
Елена Ачковска Лешковска, професор
Елена Градишки, професор во пензија
Елена Петроска, професор
Елена Ончевска Агер, доцент
Елена Џукеска, професор
Елени Бужаровска, професор
Елизабета Аврамовска, професор
Елизабета Каспова, доцент
Елизабета Шелева, професор




Елисавета Поповска, професор
Елисавета Сарџовска, професор
Катерина Колозова, професор
Катерина Наумова, доцент
Катерина Ралева, професор
Катерина Ребок, доцент
Катица Ќулафкова, академик
Кики Мангова-Поњавиќ, професор во пензија
Кирил Барбареев, доцент
Кирил Сотиров, професор
Киро Ивановски, професор
Киро Стојаноски, професор
Константин Миновски, професор
Кристина Светиева, професор
Крсте Шајновски, доцент
Куштрим Бектеши, асистент
Ладислав Цветковски, доцент
Ласко Баснарков, доцент
Леонид Грчев, академик
Лидија Георгиева, професор
Лидија Горачинова-Илиева, професор
Лидија КапушевскаДракулевска, професор
Лидија Петковска, професор во пензија
Лилјана Митковска, професор
Лилјана Пановска, професор
Лилјана Стефановска, професор
Лилјана Танеска, предавач
Лина Данова Калајџиева, предавач
Лулзим Алиу, професор
Лучиана Гуидо Шремпф, професор
Љиљана Узуновиќ, лектор
Љубинка Басотова, професор во пензија
Љубица Костовска, професор
Љубомир Ивановски, професор во пензија
Љубомир Фрчкоски, професор
Људмил Спасов, професор
Љуљзим Адеми, професор
Љупчо Коскаров, доцент
Љупчо Коцарев, академик
Љупчо Меловски, професор
Љупчо Мицков,
Љупчо Несторовски, професор
Љупчо Пановски, професор во пензија
Магдалена Георгиева, професор во пензија
Магдалена Симионска, надворешен соработник
Маја Бојаџиевска, професор
Маја Геровска Митев, професор
Маја Јорданова, професор
Маја Мухиќ, професор



Маја Стевановиќ, професор
Маја Цветковска, професор во пензија
Мајлинда Фетаји, доцент
Македонка Митрова, професор  
Македонка Стојановска, професор
Нада Гогова, лектор во пензија
Наде Проева, професор во пензија
Нано Ружин, професор
Наташа Аврамовска, професор
Наташа Алексоска, виш лектор
Наташа Англоска Галевска, професор
Небојша Вилиќ, професор
Кренаре Невзати , професор
Неда Здравева, доцент
Нелко Стојаноски, професор во пензија
Никола Николов, професор
Никола Петров, професор
Николина Кениг, професор
Николчо Велковски, професор
Никос Чаусидис, професор
Нина Анастасова Шкрињариќ, професор
Огнен Спасовски, професор
Огнен Чемерски, асистент
Октај Ахмед, професор
Ола Пешевска Заревска, професор во пензија
Олга Галбова, професор
Олга Мишеска Томиќ, професор во пензија
Оливер Зајков, професор
Оливер Илиев, професор,
Орхидеја Шурбановска, професор
Петар Тодоров, доцент
Павле Секуловски, професор
Панде Трајков, професор
Петар Поповски, професор
Петре Макрески, професор
Пламен Тројачанец, професор
Радица Никодиновска, професор
Радојка Јосифовска, професор во пензија
Ратка Димитрова, професор во пензија
Ристо Солунчев, доцент
Ристе Попески Димовски, доцент
Роза Тасевска, лектор
Розалина Попова-Коскарова, професор
Ружица Манојловиќ, професор
Румена Бужаровска, доцент
Руска Ивановска-Наскова, доцент
Руфи Османи, професор
Садудин Ибраими, професор
Сања Михајловиќ Костадиновска, асистент
Саше Тасев, лектор



Сашко Ристов, доцент
Сашо Граматиков, доцент
Светлана Камџијаш, професор
Светлана Кочовска, доцент
Севда Лазаревска, лектор
Сенка Анастасова, доцент
Сергеј Цветковски, доцент
Сефер Тахири, доцент
Хасан Јашари, професор
Хрисула Кипријановска, професор
Цветко Смилевски, професор
Џемал Зенуни, доцент    Благој Голомеов, професор
Благоја Јанаков, професор
Благоја Спиркоски, професор
Блерим Река, професор
Боби Бадаревски, доцент
Богдан Богданов, професор
Бојан  Георгиевски, генерален секретар
Бојан Поповски, професор
Бојан Симовски, асистент
Бојан Шоптрајанов, академик
Бојана Наумовска, доцент
Борче Костов, професор
Боце Митревски, професор
Бранка Гривчевска, надворешен соработник  
Брикена Џафери, професор
Бујар Рауфи, професор
Бујар Саити, професор
Валентина Миронска-Христовска, професор
Валентина Славевска Стаменковиќ, доцент
Валериј Софрониевски, професор
Вангел Ајановски, доцент
Ванчо Кенков, професор
Ванчо Поп-Петровски, професор
Вели Креци, доцент
Венко Андоновски, професор
Вера Стојановска, професор
Весна Гершан, доцент
Весна Димитриевска Ристовска, доцент
Весна Димовска, професор
Весна Макашевска, професор
Весна Мојсова-Чепишевска, професор
Весна Петрушевска - Јакимовска, виш уметнички соработник во пензија
Весна Шопар, професор
Викторија Боровска, доцент
Виолета Арнаудова, професор
Виолета Мартиновска, доцент
Виолета Петроска-Бешка, професор
Виолета Христовска, професор во пензија
Владимир Борозанов, професор во пензија
Владимир Вуксановиќ, доцент
Владимир Георгиев, професор
Владимир Ивановски, професор
Владимир Каранаков, професор
Владимир Мартиновски, професор
Владимир Радевски, професор
Владимир Талевски, доцент
Елјеса Касо, професор



Елка Јачева Улчар, професор
Емил Сулејмани, професор
Емилија Бојковска, професор
Емилија Црвенковска, професор
Емина Авдиќ, доцент
Жанета Попеска, професор
Жанета Трајкоска, доцент
Живорад Томовски, професор
Звонко Никодиновски, професор
Здравко Савевски, професор
Земри Елези, професор
Златко Левков, професор
Зоран Анчевски, професор
Зоран Велковски, професор
Зоран Димов, професор,
Зоран Здравковски, професор
Зоран Ивановски, професор
Зоран Киткањ, професор
Зорица Салтировска, професор
Зузана Тополињска, академик
Иван Блинков, професор
Иван Грозданов, професор
Иван Минчев, асистент
Иванка Апостолова, доцент
Ивица Милевски, професор
Игор Андреевски, професор
Игор Вецовски, професор
Игор Јованоски, асистент
Игор Мицевски, предавач
Игор Трајковски, професор
Илинка Митрева, професор
Ило Трајковски, професор
Илина Јакимовска, професор
Ирена Павловска, лектор
Ирена Папазова Анакиева, професор
Ирина Бабамова, професор
Искра Пановска-Димкова, професор
Искра Стаменкоска, предавач
Јана Андреевска, професор
Јана Јакимовска, доцент
Јасмина Делчева Диздаревиќ, професор
Јасмина Димитрова Шумковска, доцент
Јасмина Плунчевиќ Глигороска, доцент
Јасминка Ризовска Атанасовска, професор
Јасна Котеска, професор
Јаумин Ајдари, доцент
Јетон Шасивари, професор
Јонуз Абдулаи, професор
Јордан Шишовски, доцент
Калина Лечевска,



Калина Малеска, доцент
Каролина Ристова-Астеруд, доцент
Катерина Велјановска, професор
Малетиќ Владо, професор
Маргарета Пецовска Ѓорѓевиќ, професор
Маргарита Бузалковска-Алексова, професор
Маргарита Велевска, професор
Маре Србиновска, асистент
Мариета Петрова, доцент
Марија Башевска, асистент
Марија Беќар, виш лектор
Марија Ѓорѓиева Димова, професор
Марија Маџар-Рибар, виш лектор
Марија Михова, професор
Марија Оровчанец, професор
Марија Пандевска, професор
Марија Ташева, професор во пензија
Марија Цветковска, библиотекарка
Маријана Ѓорѓиева, виш лектор  
Марина Митревска, професор
Марина Нишлиска, лектор во пензија
Марина Стефова, професор
Марина Стојановска, доцент
Марина Тунева, предавач
Марјан Кипријановски, професор
Марјан Малцев, професор
Марјан Марковиќ, професор
Марко Трошановски, предавач
Мартин Панчевски, професор во пензија
Мемет Мемети, доцент
Ментор Хамити, доцент
Мери Каранфиловска, научен соработник
Мери Лазаревска, виш лектор
Мерсел Билали, професор
Методија Атансовски, професор
Меџид Ферати, доцент
Милан Дамјаноски, асистент
Милева Ѓуровска, професор
Милица Ивановска, професор во пензија
Милица Миркуловска, професор
Милица Ристовска, професор
Мими Таневска-Србиновска, професор
Мимоза Ристова, професор
Мира Беќар, виш лектор
Мира Трајкова, професор
Мирјана Јанкуловска, доцент,
Мирјана Јоноска, професор во пензија
Мирко Ѓошевски, професор во пензија
Мирољуб Шукаров, професор




Мирослава Момирска Марјановиќ, професор во пензија
Мирослава Николоска, професор
Митко Котовчевски, професор
Михаил Раду Атанасов, лектор
Михајло Поповски, професор
Момчило Богданов, професор во пензија
Симона Груевска-Маџоска, професор
Синоличка Трпкова, професор
Славица Србиновска, професор
Славчо Христовски, професор
Славчо Чунгурски, професор
Слободан Банџо, професор
Слободан Унковски, професор во пензија
Слободанка Марковска, професор
Слободанка Стевческа, доцент
Снежана Петрова, професор
Снежана Трпевска, доцент
Солза Грчева, професор
Соња Апостолска, професор
Соња Гаџовска Симиќ, професор
Соња Геговска-Зајкова, професор
Соња Стојменска-Елзесер, професор
Софија Богданова, професор во пензија
Сретен Андонов, професор
Станислава Тофоска, професор
Станко Павлески, професор
Стево Пендаровски, професор
Стерја Начевски, професор
Стефан Сидовски, професор
Сузана Алиу, професор
Сузана Арбутина, асистент
Сузана Диневска-Ќовкаровска, професор
Сузана Лошковска, професор
Сузана Миовска-Спасева, професор
Сузана Никодиновска-Банцотовска, професор
Сузана Симоновска, професор
Татјана Б. Ефтимоска, предавач
Татјана Котева-Мојсовска, професор
Татјана Прентовиќ, професор
Татјана Стојаноска Иванова, доцент
Татјана Улчар-Ставрова, професор во пензија
Татјана Филиповска, професор
Татјана ЧебуларМиткова, професор
Темелко Ристевски, професор
Теута Шабани, доцент
Тито Беличанец, професор во пензија
Тихомир Стојановски, професор
Тодор Светиев, професор
Томе Николоски, професор во пензија



Томислав Карталов, асистент
Томислав Тунтев, насловен доцент
Тони Довенски, професор
Тошо Костадинов, доцент
Трајче Стамески, асистент
Трајче Стојанов, доцент
Трајче Талевски, професор
Фадил Зендели, професор
Филип Сулеманов, асистент
Фросина Ременски, професор

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование