Микробрановите печки користат зрачење кое влијае врз молекулите од водата во храната за да ја затоплат. Што ќе се случи ако од некаква причина тоа зрачење излегува надвор од печката?
На вечното прашање колку зрачењето од микробрановата печка може да ви наштети вам и на храната што ја консумирате, научниците многупати веќе дале одговор. Додека работат, микробрановите печки ослободуваат микробранови кои не се радиоактивни. Станува збор за нејонизирачко зрачење кое не предизвикува рак. Имено, зрачењето ги подигнува молекулите во состојба на повисока енергија, без да ги јонизира, односно да им ги избие електроните.
Сепак, пожелно е да се направи проверка дали печката испушта зрачење надвор од неа, со многу едноставен трик.
За овој експеримент ви требаат два мобилни телефона. Едниот треба да го ставите во печката и да ја затворите вратничката, а другиот се користи за пробен повик. Бидејќи куќиштето на исправна микробранова печка го задржува зрачењето во внатрешноста и спречува влез на надворешни електромагнетни сигнали (изработени се како Фарадеев кафез), телефонот во внатрешноста на печката не би требало да го прими повикот. Потенцираме: за овој експеримент не треба да ја вклучувате печката – особено откако во неа ќе го ставите мобилниот телефон.
Но ако го прими повикот, големи се шансите дека еден дел од вашата печка пропушта зрачење. Според аналитичарите, се чини дека за тоа првенствено е „виновна“ самата вратничка на печката.
Дали ова значи дека мораме итно да ја замениме микробрановата печка? Не, тоа не е нужно. Како што веќе потенциравме, не постои научна потврда за поврзаност меѓу зрачењето од микробрановата со какво било заболување.