За жал, денес е тешко да се биде сигурен дека храната што е изложена на полиците во продавниците или месарниците е свежа само затоа што ги поминала „законските процедури“, односно дека не е расипана или неквалитетна.
Контролите на квалитетот секако дека се редовни, но не се и детални затоа што постојат многу „црни дупки“ во регулативите кои често овозможуваат неквалитетни или стари прехранбени продукти од увоз без проблем да се пласираат на пазарот, без тоа да се смета за измама на купувачите.
Прв, задолжителен чекор на секој купувач, се разбира, е проверката на декларацијата, доколку ја има на производот, но секогаш е побезбедно да се набават продукти од домашно производство кои честопати се со повисоки цени, но помали се шансите да бидат со поминат рок на траење.
Освен тоа, најважно е да ги вклучите своите сетила за вид и за мирис при набавката на храна. На пример, кога купувате пилешко месо, обрнете внимание на белите цртички и на дебелиот слој мрснотија над пилешките гради. Ако го уочите ова на месото, тоа значи дека живината примала хормони за да добие поголема тежина во пократок период, пишува
Bright Side.
Левата слика е пример како не би требало да изгледаат пилешките гради, додека десната слика е пример за здраво и свежо пилешко месо.
Исто така, треба да се обрне внимание и на бојата. Ако пилешкото месо има жолтеникава нијанса, тогаш со сигурност не е свежо, затоа што свежото има розова нијанса.
Главно, црвената боја на месото имплицира дека се работи за постаро месо. Јунешкото месо, пак, има природна црвеникава боја, со цврста текстура. Овој тип месо треба да биде проткаен со тенки, а не со широки жилички, додека дебели жолтеникави мрсни жили упатуваат на фактот дека месото е од постаро животно. Ако забележите сивкави или поцрнети делови на јунешкото месо – не купувајте го! Вообичаено кај меленото месо измамите се најчести – затоа барајте месото да го мелат во ваше присуство. Јагнешкото месо треба да има светлорозова боја, а според текстурата, треба да биде цврсто како и јунешкото.
Лажен мед
Експертите велат дека вистинскиот, природен мед не е леплив. Значи, ако го размачкате со прстите, не смее да се лепи на нив, а доколку се лепи, тоа значи дека во себе содржи шеќер или вештачки засладувачи.
Медот може да го тестирате и со вода – ставете лажичка мед во чаша вода. Доколку веднаш падне на дното, тогаш медот е природен. Лажниот мед веднаш ќе почне да се раствора во водата. Има уште една проверка – ставете капка мед на прстот. Вистинскиот, цврст мед ќе остане на истото место, додека лажниот брзо ќе почне да тече по прстот.
Кисела павлака
За да проверете дали киселата павлака што ја купувате има растителни маснотии наместо млечни, земете една лажица павлака и измешајте ја во чаша топла вода.
Производот со лош квалитет ќе се распадне во вид на бели грутчиња кои ќе испливаат на површината, додека квалитетната павлака ќе се претвори во хомогена густа течност.
Квалитетот може да се провери и кај сирењето, кај смрзнати овошје и зеленчук, кај рибата, сладоледот... На ова видео може да ги погледнете брзите методи за проверка на разни видови прехранбени производи: