X
 26.03.2020 Живот

Преку селфи-фотографија се проверуваат Полјаците дали се во самоизолација

Полска на интересен начин одлучила да се бори против непочитувањето на самоизолацијата и карантинот. Направила апликација што ги тера пациентите позитивни на коронавирус да останат во своите домови.

Додека некои земји се одлучија на лоцирање на местото на пациентите, во Полска одлучиле пациентите да се следат со помош на селфи.

Апликацијата „Куќен карантин“ е наменета за оние на кои им е одредена задолжителна 14-дневна самоизолација по враќање од странство.

Пациентите инсталираат апликација на својот паметен телефон и се регистрираат со селфи. Апликацијата бара постојано да прават нови селфи-фотографии, но со вклучени податоци за гео-локацијата. Ако пропуштат да го направат она што апликацијата го бара од нив, во рок од 20 минути се известува полицијата.

selfi
Фото: Pixabay

- Луѓето во карантин имаат избор - или секој ќе биде посетен од полицијата или ќе ја преземе апликацијата - објасни полскиот министер за дигитализација Марек Загорски и додаде дека пациентите мора да прават една или повеќе фотографии дневно.

Казната за сите оние што ќе ги прекршат одредбите за самоизолација во Полска е околу 100 евра.

Но, апликацијата не служи само за репресивни мерки, туку преку неа може да се контактираат и другите служби што можат да им помогнат во текот на самоизолацијата, како што се социјалните услуги, односно службите што ќе им донесат основни намирници.

Извор: Zimo.dnevnik.hr
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот