X
 23.04.2018 Наука

Контрацептивната пилула ја менува формата на мозокот кај жените?

Истражувањата сугерираат дека синтетичките стероиди што ги пренесува женската контрацептивна пилула може да намалат одредени региони на женскиот мозок, а исто така може да ја менуваат и функцијата.

Во 2015 година, невронаучниците од Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес, ги проучувале скенирањата на мозокот од 90 жени што или во моментот користеле контрацепција или не ја користеле и откриле дека две клучни области на мозокот се потенки кај жените кои користеле контрацептивна пилула - латералниот орбитофронтален кортекс и задниот цинглуларен кортекс.

Овие два региона се вклучени во регулација на емоциите, одлучувањето и одговорот на наградите, а истражувачите веруваат дека нивните наоди може да помогнат во објаснувањето зошто некои жени се вознемирени или депресивни кога земаат контрацептивни пилули.

„Некои жени искусуваат негативни емоционални несакани ефекти од земањето контрацептивни пилули, иако научните наоди што испитувале имаат измешани резултати“, вели Никол Петерсен, водечки автор на истражувањето.

„Значи, можно е оваа промена во латералниот орбитофронтален кортекс да е поврзана со емоционалните промени што некои жени ги искусуваат кога користат апчиња за контрацепција“, додава таа.

Иако овие наоди се базирани на многу мала големина на примерокот, научниците претходно покажале дека пилулата може да влијае врз тоа кој маж ја привлекува жената и може да ја преполови големината на нејзините јајчници.

Во 2010 година тим од Австрија исто така открил дека контрацептивната пилула може да го промени обликот на мозочните региони поврзани со регулирање на учењето, меморијата и емоциите. Но тие истражувања сугерираа дека ги здебелува овие региони, наместо да ги намалува, што резултира со тоа дека ова истражување е контрадикторно.

Сепак, важно е да се напомене дека истражувањето не анализирало дали ефектите се трајни или привремени.

„Потребни се понатамошни испитувања за да се утврди дали проучувањето на кортикалите во овие региони се поврзува со промени во однесувањето, како и да се идентификува дали употребата на пилулата е каузално или индиректно поврзана со овие промени во морфологијата на мозокот“, велат истражувачите.

Меѓутоа, не постои простор за паника. Дури и истражувањето да е точно, не постојат докази дека ова е опасно, но дефинитивно е причина за понатамошни истражувања.

„Можноста дека прифатената форма на хемиска контрацепција има способност да ја промени грубата структура на човечкиот мозок е причина за загриженост дури и ако промените изгледаат бенигни“, вели неврологот Крег Кинси од Универзитетот „Ричмонд“ во Америка.

„Во секој случај, жените треба да ги имаат сите медицински и невробиолошки информации кога донесуваат одлуки за контрацепцијата“, додава тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука