X
 19.03.2019 Живот

Научниците тврдат - путерот се чувал во кал уште пред 3.500 години


Традицијата на користење кал за путерот да се чува и да може да се јаде датира од најмалку 1750 година пр.н.е., 1.500 години порано отколку што претходно се мислело.

Истражувањето било спроведено од научници и археолози на универзитетскиот колеџ „Даблин“, Универзитетот „Квинс“ во Кингстон, универзитетскиот колеџ „Корк“, Универзитетот во Бристол и Националниот музеј на Ирска.

Моќта на зачувување на калта е толку силна, што путерот може да се јаде и по неколку века.

muzej
Фото: National Museum of Ireland


- Калта е кисела, сиромашна со кислород и е добар изолатор, така што била идеална за зачувување на лесно расиплива храна пред појавата на фрижидерите - велат научниците.

- Појавувањето на овие енигматични депозити на путер одговара со нашето зголемено познавање за млечните производи во праисториска Северна Европа - изјави професорот Ричард Евершед од Универзитетот во Бристол.

Четири од петте бронзени складишта на путерот од бронзеното време доаѓале од округот Офали - две биле пронајдени во близина на Балиндаун и Дринаг, додека другите два примери биле откриени во градовите Ескер Мор и Нокдрин.

Петтото складиште било откриено во Клонава во округот Вестмат. Најраниот примерок датира од 1745-1635 година пр.н.е.

Изабела Мулхал, куратор во Националниот музеј на Ирска, изјави дека секоја година музејот работи со приватни лица за да ги открие складиштата на путер.

- Музејот им е особено благодарен на наоѓачите низ цела земја кои одвојуваат време да ги пријават овие важни откритија и ни дозволуваат да ги заштитиме идните истражувања - изјави таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот