X
 13.03.2022 Наука

Пролетта веќе не почнува на 21 март, како што учевме на училиште. Зошто?

Пролетта 2022 година ќе почне на 20 март во 16:33 часот, што е невообичаено ако се потсетиме дека на училиште учевме дека првиот ден од пролетта е 21 март. Зошто се смени датумот на пристигнување на пролетта?

Кога точно почнува пролетта?

Бранко Симоновиќ од Астрономското друштво „Руѓер Бошковиќ“ за Би-би-си вели дека постои метеоролошки и астрономски начин на одредување на сезоната.

- На метеоролошки начин годината е поделена на четири дела, за да се води статистика и да има рамномерна распределба по сезони - објаснува Симоновиќ.

Според метеоролошките критериуми, пролетта почна на 1 март, а ќе трае до 31 мај.

Како што истакнува Симоновиќ, метеоролошкиот метод на определување „не се заснова на некои јасни природни критериуми, туку е вештачки определен“.

Астрономски начин на одредување на сезоната

Попрецизен начин за одредување на датумот на започнување на омилените сезони на многу луѓе е астрономскиот.

- Астрономски гледано, доаѓањето на годишните времиња може да се набљудува со времетраењето на денот, односно со настаните над хоризонтот - вели Симовиќ.

Кога астрономите велат дека „дојде пролетта“, тоа значи дека сонцето се преселило од јужната на северната хемисфера.

prolet
Фото: Freepik

- Тогаш сонцето изгрева на исток, а заоѓа на западната страна на хоризонтот, а денот и ноќта траат еднакво, затоа тој ден се нарекува ден на пролетна рамноденица - вели Симоновиќ.

Пролетната рамноденица во 2022 година ќе се случи на 20 март, што е и првиот ден од пролетта.

Промени во иднина

Симоновиќ вели дека нема долго да се грижиме за промена на датумот за почеток на пролетта.

- Од 2048 година датумите на пристигнување на пролетта повторно ќе почнат да се менуваат: некогаш ќе падне на 19 март. Потоа, од 2102 година ќе се промени на 20 и 21 март - додава тој.

Симоновиќ додава дека во иднина, набљудувано преку грегоријанскиот календар, моментот на пролетната рамноденица ќе падне помеѓу 19 и 21 март.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука