Фото: Shutterstock
Кога диското е преполно, а вашиот келнер не може да ве слушне, што правите? Дали ја мавтате вашата кредитна картичка во воздухот? Дали пукате со прстите или можеби сами се послужувате со пијалак?
За да ги откриете правилните и неправилните начини за привлекување на вниманието на шенкерите, прочитајте ги советите од 30 шанкери од целиот свет.
„Пукање со прстите“ како знак да го повикате - „Кажете извинете и учтиво кренете ја раката без да мавтате во воздух и не пукајте со прстите. Чекајте го вашиот ред“.
Викање веднаш да ви се направи пијалакот - „Не сте единствениот клиент во кафулето, така што имајте трпение“.
„Немојте да ни викате ако чекате повеќе од една минута за да бидете послужени. Ако изгледате како личност што сака да се ослободи од фрустрациите на наш грб, тогаш ќе ве игнорираме додека не бидете доволно смирени“.
Прстот во воздух - „Прстот во воздух потекнува од седмиот круг на пеколот“.
Мавтање со парите - „Имајте ги парите или кредитната картичка спремни, но немојте да мавтате со нив, и тоа директно во моето лице“.
Какво било мавтање и други чудни работи со рацете - „Ве гледаме. Нема потреба од упорно мавтање или чудни гестови со рацете“.
Користење на мобилниот телефон додека чекате - „Контактот со очите е клучот. Гледајте нагоре, а не во вашиот телефон.
Пресегнување на шанкот - „Немојте да се пресегнувате на шанкот во обид да го стигнете шанкерот. Чекајте трпеливо“.
Свирење - „Доволно е само да речете ’извинете‘“.
Неодлучност што ќе
пиете - „Прво одлучете се што ќе пиете, а потоа викнете го шанкерот“.