Првиот месец на новото работно место знае да биде навистина стресен. Речиси сите се обидуваат да ги импресионираат другите вработени и да остават добар впечаток. Ова се 10 работи што успешните луѓе ги прават во првите 30 дена на новото работно место:
1. Се претставуваат себеси пред сите
Еден ден се претставувате и се запознавате со сите во вашиот тим, како и со другите вработени. Колку побрзо го скршите мразот, толку подобро.
2. Зборуваат позитивно
Никој не сака негативна енергија околу себе. Однесувањето во првите 30 дена го создава впечаток за вас кај колегите. Важно е да бидете насмеани и да се ракувате. Се разбира, и да им дадете до знаење на сите дека ви е драго што сте тука.
3. Јасни им се дневните, неделните и месечните очекувања
Од големо значење е да бараат време со менаџерот за разговор во врска со приоритетите, сметаат експертите. Треба да се постават следните прашања:
- На што работи тимот во моментов?
- Кои се најголемите пречки?
- Што може да направам за да бидам од помош денес?
4. Поставуваат интелигентни прашања
Генерално, се обидувате да покажете дека сте љубопитни и имате желба да учите. Не поставувајте многу прашања, туку поставувајте прашања само во врска со она што е приоритет и важно.
5. Знаат како да го поедностават животот на менаџерот
Ако не знаете како да го направите тоа, прашајте. Поентата е во тоа да му помогнете на својот менаџер да изгледа добро пред неговиот менаџер.
6. Добриот сон е приоритет
Успешните луѓе знаат дека недоволниот сон ќе резултира со слаба концентрација и продуктивност, па затоа 8 часа сон за нив е приоритет.
7. Се поврзуваат и се социјализираат со сите членови на тимот
Важно е да покажете дека имате волја да се дружите со вашите колеги, па експертите советуваат да одите со нив на ручек и да споделувате активности.
8. Следење на напредокот во текот на денот
Експертите сметаат дека успешните луѓе треба да одвојат 30 минути од денот за да видат што постигнале и сработиле. Додека, пак, 15 минути на почетокот од работниот ден се потребни за да се одредат целите и задачите што треба да се завршат во текот на денот.
9. Ги запишуваат главните фрустрации што влијаат врз тимот
Болните точки треба да се забележат и запишат, па потоа да се разберат и да се предложат промени.
10. Пронаоѓаат ментор
Успешните луѓе наоѓаат ментор кој ќе ги води низ работата во почетниот месец. Советувањето и поддршката се многу важни на самиот почеток.