X
 21.02.2017 Живот

Како да ја спречите љубомората на постарото дете за новиот член на семејството?

Новиот член на семејството е на пат. Како вашето прво дете ќе реагира на братчето или сестричката?

Ова се најчестите прашања кои родителите си ги поставуваат кога го прошируваат семејството. Психолозите советуваат како на најлесен начин да му се помогне на детето да го прифати новиот член на семејството.

Љубомората се јавува обично во периодот од четвртата до седмата година бидејќи нивните сетила и рационалниот начин на размислување во тој период се навистина доста развиени. Во таков случај најдобро е да се реагира на следниот начин:

-    Дозволете му да детето да се чувствува важно и да добие улога во животот на новиот член, нека ви помогне околу бањањето, повивањето, шетањето.

-    Поминувајте време со него и обидете се еднакво да им посветите внимание на децата.

Адаптација на децата на возраст од 2 до 4 години

Кај нив адаптацијата е брза и лесна. Заради тоа се советува што помала разлика помеѓу децата. На таа возраст менталната зрелост на детето е во основен облик. Ако се одлучите на нов член на семејството, детето ќе се адаптира на следниот начин:

-    Дозволете му да биде еднаков со новиот член, ако го доите бебето, тогаш дајте му и на другото дете да пие млеко, дозволете му и да си игра со играчките од бебето.

-    Зборувајте му за него кога било во тој период и покажете му ги фотографиите од првото бањање и слично. Таквата адаптација ќе ви биде малку напорна, но и успешна.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот