По големиот успех на првите два дела на франшизата „Лавиринт“, ни пристигнува последниот дел од глобално популарната филмска трилогија
„Лавиринт: Лек за смртта“, базирана на истоимениот серијал книги од авторот Џејмс Дашнер. Режисерот Вес Бол работеше на сите продолженија од трилогијата, додека во главните улоги повторно ќе ги гледаме Дилан О’Брајан, Каја Скоделарио, Томас Броди-Сангстер, Џанкарло Еспосито, Декстер Дарден, Натали Емануел.
„Ова е убедливо најголем филм кој го имаме направено досега, воедно и најкомплицираниот. Во првиот дел ги прикажувавме работите од еден агол. Во вториот дел ја гледавме ситуацијата од три агли, а сега ќе прикажеме пет различни приказни кои се судираат во еден град“, објаснува Бол. „Мислам дека третиот филм ќе ја долови поентата на моите книги, а тоа е секое продолжение да има екстремно различно чувство за приказната од останатите. Во третиот дел ќе видиме повеќе од амбиентот во „ВИКИД“ и урбаниот живот. Ќе видиме какви се градовите што сеуште функционираат во овој руиниран свет и мислам дека ќе биде многи забавно...“ истакнува Дашнер, кој беше вклучен во работата на филмот.
„Братство на крадци“ е смела криминалистичка сага на денешницата чиј почеток датира уште од 2002 година. Сценаристот (за првпат режисер), Кристијан Гудегаст го читал романот „Каде се парите“ за тоа како Лос Анџелес постанал главен град со најголем број на грабежи на банки во светот, кога ја здогледал сликата на огромна када со пари во Лос Анџелес Тајмс која е сликана во Банката за сојузни резерви. Фотографијата и книгата му дале идеја да ја напише приказната која подоцна ќе постане основа за сценарио.
Особено го привлекла комплексноста на односите меѓу професионалните крадци на банки и детективите кои се обидуваат да ги фатат. „Бев фасциниран од специфичноста на нивните филмови и како овие тимови функционираат. Она што тие го прават и зошто тоа го прават, беше гориво за филм.“
Гудегаст го раскажува филмот во обратен правец на кој не сме навикнале. Неговите негативци се спортисти кои живеат здрав живот и војници кои покреваат предизвик на комплексна мисија, а не обичен криминал. Од друга страна, полицајците се наклонети кон алкохолот, насилство и стриптизети што е далеку од вообичаената слика на јунаци. Гудегаст се потпре на своето богато животно искуство со луѓето од двете страни на законот при осмислувањето на „Одметници и регулатори“.
Две години по првата авантура,
Тад Џонс и Сара Лавроф живеат одделни животи, тој како градежник кој студира археологија, а таа прочуен археолог и истражувач. Откако ќе ја пронајдат последната трага од ѓерданот на Кралот Мидас, Сара го поканува Тад на изложба во Лас Вегас каде се надева дека ќе стане негова девојка. Непосредно пред неговото патување, милионерот Џек Ракман ја киднапира Сара со надеж дека ќе му ја открие локацијата на останатите три дела од ѓерданот. Тад формира тим со Тифани, Мумијата и кучињата Џеф и Белзони да ја спасат Сара и да го покорат Џек пред тој да ја искористи моќта на ѓерданот и да претвори во злато се што ќе допре.
КИНО ПРОГРАМА (25.01 - 31.01.2018)
Лавиринт: Лек за Смртта 3Д
Секој ден: 17:10, 20:00, 22:45
Викенд: 14:30, 17:10, 20:00, 22:45
Лавиринт: Лек за Смртта 2Д
Секој ден: 15:45, 18:45, 21:20
Војна на звездите: Последниот Џедај 3Д
Викенд: 14:15
Војна на звездите: Последниот Џедај 2Д
Викенд: 12:15
Џуманџи 3Д
Секој ден: 15:45, 19:00, 21:40
Викенд: 13:40, 16:30, 19:30, 21:45
Џуманџи 2Д
Секој ден: 18:00, 20:15, 22:30
Братство на крадци Дигитал 2D
Секој ден: 17:00, 18:15, 19:40, 21:00, 22:15
Величествениот Шоумен 2Д
Секој ден: 16:00
Дедо Мраз и Компанија
Секој ден: 15:00
Викенд: 11:40
Проколната Куќа
Секој ден: 20:50, 23:00
Тато се врати 2Д
Секој ден: 20:30
Покер Кралица
Секој ден: 19:30, 22:00
ДЕТСКИ ФИЛМОВИ
Истражувачот Тад и тајната на кралот Мида 3Д
Секој ден: 15:15, 17:20, 19:10
Викенд: 11:20, 13:20, 15:10, 17:20, 19:10
Истражувачот Тад и тајната на кралот Мида 2Д
Секој ден: 16:30, 18:30
Викенд: 12:45, 14:50, 16:30, 18:30
Фердинанд 3Д
Секој ден: 15:30, 17:30
Викенд: 11:00, 13:00, 15:30, 17:30
Фердинанд 2Д
Секој ден: 16:15
Викенд: 12:00, 14:00, 16:15
ОПЕРА
Тоска, МЕТ, 2018 HD сателитски пренос во живо
Сабота: 18:55
*Cineplexx го задржува правото за промена на редовниот репертоар