„Нетфликс“ штотуку почна да ги прикажува последните две епизоди од четвртата сезона на серијата „Почудни нешта“ (Stranger things). Доколку веќе ги гледавте и сакате повторно да ги гледате актерите, еве неколку филмови во кои играат тие.
„Енола Холмс“
Можеби веќе сте слушнале за овој филм во кој игра Мили Боби Браун. Приказната е поврзана со онаа за „Шерлок Холмс“, но се фокусира на Енола Холмс, сестрата на фиктивниот детектив. Во подготовка е и втор дел од филмот.
„Улица на стравот“ (Fear street)
Станува збор за трилогија во која играат Седи Синк, актерката што ја знаеме како Макс, и Маја Хок, која ја толкува Робин во „Почудни нешта“. Ова е хорор-филм заснован на книги со истиот наслов.
„Хјуби халоувин“ (Hubie halloween)
Ноа Шнап, кој го игра Вил во „Почудни нешта“, игра во овој филм кој е за Денот на вештерките.
„Истерувачи на духови: Наследство“ (Ghostbusters: Afterlife)
Фин Волфхард, кој го знаеме како Мајк Вилер, го толкува Тревор во овој филм од 2021 година.
„Слободен дечко“ (Free guy)
Џо Кири, кој го игра Стив во „Почудни нешта“, игра и во „Слободен дечко“. Филмот е режиран од режисерот на „Почудни нешта“ и главен продуцент Шон Леви.
„Црна вдовица“ (Black widow)
Дејвид Харбор, кој е Хопер во „Почудни нешта“, е дел од филмот „Црна вдовица“, покрај Скарлет Џохансон и Флоренс Пју. Тој го толкува суперхеројот Црвениот чувар.
„Хана Монтана: Филмот“ (Hannah Montana: The movie)
Наталија Дајер, која ја знаеме како Ненси Вилер, ја имала првата филмска улога во овој филм. Таа е тинејџерка која ја обожава Хана Монтана и се обидува да го скрие нејзиниот вистински идентитет.
Извор:
The tab
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)