X
 07.10.2018 Наша тема

Игор Петрески изработува зомбиња, крвави рани, остарува лица. Учел од онлајн-обуки на светски филмски студија

Краткиот игран хорор-филм „Малишан“ што го продуцира Јорданчо Петковски во Белград беше последниот голем предизвик на овој магионичар со бои и материјали. Петрески работеше заедно со Мирослав Лакобрија, еден од најдобрите во изработката на специјални ефекти во регионот

Почнал од љубопитство, а денес прави чуда. Игор Петрески од Скопје се занимава со шминка во последните 15-ина години, а во последните пет години и на филмски проекти. Пред неколку недели, на покана на македонскиот продуцент Јорданчо Петковски, кој неколку години работи во Белград, тој работеше на шминката и на специјалните ефекти на краткиот игран филм „Малишан“ во режија на Данило Беќковиќ.

Филмот се снимаше во етно-селото Америќ, близу Младеновац. Сценариото е на Димитрија Војнов, а тоа е тандемот што стоеше зад хит-филмвоите „Есен на самурајот“ и „Малиот Будо“. Акционите сцени ги сними Калојан Воденичаров, славен каскадер кој работел на „Троја“, „Мисија: Невозможно“, „Игра на тронови“ и многу други хитови.


 Почнал од љубопитство, а денес прави чуда. Игор Петрески од Скопје се занимава со шминка во последните 15-ина години, а во последните пет години работи и на филмски проекти. Пред неколку недели, на покана од македонскиот продуцент Јорданчо Петковски, кој работи во Белград, тој беше ангажиран во делот на специјалните ефекти на краткиот игран филм „Малишан“ во режија на Данило Беќковиќ.

Филмот се снимаше во етноселото Америќ, близу Младеновац. Сценариото е на Димитрија Војнов, а тоа е тандемот што стоеше зад хит-филмовите „Есен на самурајот“ и „Малиот Будо“. Акционите сцени ги сними Калојан Воденичаров, познатиот каскадер кој работел на „Троја“, „Мисија: Невозможно“, „Игра на троновите“ и многу други хитови.
- На мое огромно задоволство, добив покана од продуцентот Петковски и од Мирослав Лакобрија да работам на овој филм. Добар дел од маските и ефектите веќе беа направени, јас помагав во изработката на специјални ефекти за да се добијат зомби-елементи. Ова беше непроценливо искуство за мене – вели тој.

Главните улоги во филмот ги толкуваат младиот фински актер Они Томила, кој игра заедно со Семјуел Л. Џексон во блокбастерот „Big game“, и српската актерка Катарина Жутиќ.
- Премиерата на филмот ќе биде кон крајот на годинава на еден од филмските фестивали во Србија. Снимивме прекрасен филм со многу специјални ефекти, сигурен сум дека многу ќе ѝ се допадне на публиката. Инаку, филмот ќе биде прикажан на неколку национални телевизии во Србија и во скандинавските земји – рече Игор.

Тој има толку многу проекти што речиси не може да се сети на што сѐ работел. Играниот филм „Сведок“ на Митко Панов, краткиот филм „Идентитет“, кампања против насилство врз жените, спотови и друго.


Игор во друштво на Лакобрија и еден од актерите

На прашањето како почнал да се занимава со шминка, вели дека следел видеа, а се обучувал и онлајн.

- Пред повеќе години постоеја онлајн-курсеви со точно одреден термини за обука од областа на шминката (специјални ефекти) од светски познати филмски студија, кои патем беа доста скапи, па основата ја научив на тој начин. Но, тоа не е доволно доколку не се работи напорно и сѐ додека не се научат добро материјалите што се користат за специјални ефекти. Се научив од многу пробување, а и од направени грешки. На почетокот тоа изгледаше аматерски, но со текот на времето изработките стануваа сѐ подобри – вели Петрески и признава дека кај нас, за жал, не се снимаат многу филмови со специјални ефекти и секое искуство е добредојдено.

Со актерката Ана Левајковиќ како Снежната кралица

Петрески објаснува дека секоја маска се изработува за различно време.
- Од материјали се користат силикон, восок, латекс и друго, вештачка крв, на пример. Материјалите главно се набавуваат од странство, иако по нешто се наоѓа и кај нас.

Една и пол година работи во Театарот за деца и младинци.

Со актерката Винета Дамчевска-Илиевска

- На децата секогаш им е интересно кога ги гледаат актерите/актерките со појака шминка или маски, така повеќе ги внесуваме во магијата што ја носи претставата – вели за својата работа во детскиот театар.

Игор признава дека кога гледа некој холивудски филм, најчесто се фокусира на специјалните ефекти и на шминката и размислува како е нешто направено.
- Кога гледам холивудски блокбастери, вообичаено си се прашувам како е нешто направено, од каков материјал или како јас би го направил. На завршниот ефект многу влијание има и постпродукцијата, која дава свој шмек – вели Петрески.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема