X
 02.02.2018 Технологија

Хауард Шулц: Доаѓа нова дигитална валута, но не е биткоин

Доларот во последно време беше изоставен од трговците. Но, наскоро можно е да не се потребни долари за плаќање на утринското кафе, според претседателот на „Старбакс“, Хауард Шулц.

фотоизвор: slate.com

Тој вели дека не верува оти биткоинот ќе биде валутата на иднината. Смета дека ќе има една или неколку легитимни, дигитални валути од доверба, надвор од блокчејн-технологијата.

Тие валути ќе треба да бидат озаконети од бренд, во средина во која потрошувачот ќе има доверба во компанијата што ја обезбедува трансакцијата.

Неговата компанија не објавила никакви податоци дека ќе лансира нова криптовалута, но работи на разбирање на криптосветот и изгледа дека ќе му се приклучи. Шулц истакнал дека не сака никој да претпостави оти компанијата ќе прави сериозна инвестиција во тој свет, но секако дека има нешто да им понуди на компаниите што веќе се дел од него.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија