Ное Андо има 7 години. Сама се бања, ги мие забите и се чешла. Нејзината мајка вели дека освен одржувањето на куќата, таа смета дека Ное може се да прави сама. Училиштето и е далеку од дома. Самата, пеш, оди до метро станицата, седнува во воз, менува уште 2 линии и патува на училиште. Таа мора да се снаоѓа сама. Ако се изгуби или влезе во погрешен воз, мора да најде решение на ситуацијата без никаква помош.
Ова семејство не е единствено вакво во Јапонија. Родителите ги охрабруваат децата да патуваат до училиште и до дома сами. Кога децата самостојно ќе завршат задача, тие задолжително добиваат пофалби и се охрабруваат.
Емили од Сиднеј има 10 години и никогаш не отишла на училиште сама. Кога и рекле дека доколку живее во јапонија, на училиште би идела сама. Таа пак, сонува за моментот кога татко и нема да ја вози до училиште и баш сака да може да оди сама.
Истражувањата покажале дека децата сакаат самостојно да одат на училиште. Нивните родители се оние кои ги спречуваат во тоа. Една од причините зошто децата во Јапонија од мала возраст се осамостојуваат е затоа што нивните родители во корпорациите немаат прилика да ги одведат и да ги чекаат по завршувањето на наставата. Работодавците за тоа немаат разбирање.
Јапонија има многу ниска стапка на криминал, 5 пати повеќе жители од Австралија, но и 4 пати помалку убиства отколку во Австралија.
Јапонската филозофија вели: „Ако ги сакате своите деца, сакате да бидат паметни. Без заштита пуштете ги да направат нешто што можат сами“. И во училиштата во Јапонија децата имаат целосно различни задачи од западниот свет. Тие ги чистат тоалетите, училниците, сервираат храна. Колективниот дух и таквите задачи го зајакнуваат чувството за зависење едни од други и делење на јавниот простор. Затоа, децата и кога не се дома, веруваат дека можат да се потпрат на другите луѓе, доколку им е неопходна помош.
Училиштата обезбедуваат жолти знаци за првачињата кои им се сошиени на униформите, па возрасните повеќе внимаваат кога ќе ги видат на улица. Има и пензионери кои волонтираат и им помагаат на децата безбедно да поминат преку улица.