Вчера во лондонскиот „Ројал Алберт хол“ се одржа церемонијата на доделување на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА).
За престижните награди оваа година се натпреваруваа вкупно 41 филм, номинирани во една од 23. категории. Најголем број номинации имаа филмовите „Three Billboards“ и „The Shape of Water“.
Сепак, апсолутен победник на овогодишната церемонија беше „Three Billboards“ со пет награди. Зад него беше „The Shape of Water“ со три награди. Со ова се докажува дека и двата филма се сериозни кандидати за „Оскар“.
Во продолжение се преостанатите победници.
Најдобар филм
Мартин Мекдонах, Грахам Бродбент, Пит Цернин, „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“
Најдобар режисер
Гилермо дел Торо, „The Shape of Water“
Најдобра актерка во главна улога
Френсис Мекдорманд, „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“
Најдобар актер во главна улога
Гери Олдман, „Darkest Hour“
Кинематографија
Роџер Деакинс, „Blade Runner 2049“
Оригинално сценарио
Мартин Мекдонах, „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“
Најдобар звук
Алекс Гибсон, Ричард Кинг, Грег Ландакер, Гери А. Рицо, Марк Веингартен, „Dunkirk“
Најдобра актерка во споредна улога
Aлисон Џени, „I, Tonya“
Најдобар актер во споредна улога
Сем Роквел, „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“
Најдобар дебитантски филм од британски сценарист, режисер или продуцент
Рунгано Ниони (сценарист/режисер), Емили Морган (продуцент), „I am not a witch“
Посебни визуелни ефекти
Пол Остербери, Џеф Мелвин, Шејн Виеу, „The Shape of Water“
Најдобро адаптирано сценарио
Џејмс Ајвори, „Call Me By Your Name“
Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје
Парк Чан-вук, Сид Лим, „The Handmaiden“
Најдобар британски краток филм
Колин Отул, Џонас Мортенс, „Cowboy Dave#
Најдобар британски краток анимиран филм
Палома Баеза, Сер Ен Лоу, „Poles Apart“
Најдобар документарец
Раул Пек, „I Am Not Your Negro“
Најдобра монтажа
Џонатан Амос, Пол Махлис, „Baby Driver“
Најдобар анимиран филм
Ли Ункрич, Дарла К.Андерсон, „Coco“
Најдобра костимографија
Марк Бриџес, „Phantom Thread“
Најдобра шминка и фризура
Дејвид Малиновски, Ивана Приморац, Луси Сибик, Казухир Цуџи, „Darkest Hour“
Најдобра филмска музика
Александар Десплат, „The Shape of Water“
Најдобар британски филм
Мартин Мекдонах, Грахам Бродбент, Пит Цернин, „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“
Најдобар британски придонес во кинематографијата
Џон Вардл, „National Film and Television School“