Видеоиграта „Франтикс“ (Frantics), на која работеше тим Македонци е номинирана за
детските БАФТА награди, во категоријата најдобра игра.
На играта работеле седумдесетина артисти, дизајнери, програмери и тестери, од кои 27 се од Македонија.
„Франтикс“ е друштвена игра, која што открива нови технологии и начини на комуникација, а е дело на компанијата „Напнок гејмс“, која што има свои претставништва во Копенхаген, Париз, Минеаполис и Скопје.
Станува збор за игра, која на четири играчи им овозможува забава преку различни мини-игри.
Играта е направена во копродукција со „Сони плејстејшн“
Наградите од Британската академија за филм и телевизија (БАФТА) ќе се одржат на 10 февруари 2019 година.