X
 16.02.2019 Култура

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ со две награди на Берлинале

Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска доби две награди на денешната церемонија за доелување на награди од независни жири комисии на престижниот Берлински филмски фестивал.

Филмот на Теона ги доби престижната награда од жири комисијата „Ecumenical“ и наградата наречена „Guild Film Prize“. Наградите ги подигна Лабина Митевска.


Гала церемонијата за доделување на главните награди на 69. издание на фестивалот ќе биде вечерва. Во меѓувреме, можете да го прочитате интервјуто кое fakulteti.mk го направи со актерката Зорица Нушева, која ја глуми главната улога во филмот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура