(
Фото: Pixabay)
Нуркачот Рич Хорнер се сними самиот себе како се пробива низ водата полна со пластични кеси и друг
пластичен отпад. Одвај понекоја риба може да се забележи во водата. Снимката е направена во близина на едно од омилените места на нуркачите – Мант Поинт, на 20 километри оддалеченост од островот Бали.
Инаку, на Би-би-си е објавена застрашувачка снимка на која се прикажува количината на отпадна пластика (дури 161 грам) која е пронајдена во желудникот на еден албатрос. И згора на тоа, неодамнешните истражувања покажуваат дека дури 96 проценти од морските риби и албатроси имаат барем по едно парче пластика во своите организми.