Гренланд доживува екстремни температури како што Европа се соочува со рекорден топлотен бран.
Се смета дека половина од површината на ледената прекривка на островот моментално се топи, што е еквивалентно на 0,5 милиметри пораст на глобалното ниво на морињата само во јули.
Гренланд доживеа абнормално високи температури досега ова лето, велат научниците, при што топењето се очекува да ги надминат рекордните нивоа забележани во 2012 година.
- Оваа година, Гренланд и другите делови на Арктикот доживеаја рекордни температури. Во средината на јуни, температурите по должината на источниот брег на Гренланд беа до 9 степени над просекот од 1981 до 2010 година - изјави д-р Ендру Соле, глацијалог од Универзитетот во Шефилд.
- На почетокот на јули бев на експедиција во североисточен Гренланд. Измеривме температура од 17 степени под сенка. Освен тоа, „Алерт“ - воена база и метеоролошка станица на северниот дел на островот Елесмер во канадскиот Арткик, измери температура од 21 степен во средината на јули - додава тој.
Д-р Амбер Лесон, од Универзитетот во Ланкастер изјави дека температурите ја поминале ознаката 0 степени дури и во највисоките и најстудените области на Гренланд, каде просечно температурата достигнува -10 степени во овој период од годината.
- Данскиот метеоролошки институт смета дека завчера, околу половина од ледената површина на Гренланд се топи. Тоа е двојно повеќе од нормалното во јули - рече д-р Амбер.
Рут Мотрам, од данскиот метеоролошки институт изјави дека околу 180 милијарди тони мраз од мразот на Гренланд се стопиле во океанот од 1 јули, зголемувајќи го нивото на морето за околу 0,5 милиметри.
Сегашното ниво на топење е симптом на глобалните
климатски промени, вели д-р Рајан Нили од Националниот центар за атмосферска наука, истражувачки центар во Лидс.