X
 09.03.2018 Живот

Храната во градинките и во училиштата да се сфати посериозно

Со нов правилник за стандарди во исхраната, ќе се подобрува исхраната на децата, со цел да се обезбеди правилен психофизички развој на децата


Како да се подобри исхраната на децата, особено во градинките и во основните училишт, денес беше тема на работилницата што се одржа денеска, а во организација на Министерствата за обрзование и труд и социјала, а поддржано и од УНИЦЕФ. Педесетина директори на училишта, наставници, доктори, нутриционисти, медицински сестри, дефектолизи, педагози, негувателки во градинки учествуваа на работилницата. Министерството за образование изготви нов правилник што ќе наметне користење повеќ овошје и зеленчук во менито за храна во основните училишта во Македонија.
Министерката Рената Дескоска најави санкции за директорите и за училиштата што нема да се придржуваат до пропишаното.
Според направените студии 30 отсто од децата во Македонија живеат во сиромаштија. Едни гладуваат, други веќе се соочуваат со прекумерна тежина, како резултат на неизбалансираните оброци, објасни министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Смета дека државата треба да има главната улога во надминувањето на овој проблем. УНИЦЕФ апелираат дека за децата да стекнат здрави навики од мали нозе треба да влијаат и семејството и институциите. Правилникот за стандарди во исхраната го разгледаа и нутриционистите. По јавната дебата, ќе следуваат законски измени, а потоа и имплементација на новините.
Во рамките на активностите за подобрување на состојбата и здравјето на децата, МОН и МТСП со поддршка на Фондот за деца на Обединетите нации УНИЦЕФ и со Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“, во текот на 2017 година спроведоа истражување за квалитетот на исхраната на децата во градинките и основните училишта во земјата, со цел утврдување на сегашната состојба и можностите за подобрување на начинот на приготвување на менијата за исхрана во склад со светските и националните стандарди и регулатива за исхрана.


Интересни податоци и факти беа утврдени за начинот на кој нашите деца се хранат дури поминуваат време во образовните институции.
Д-р Игор Спироски од Институтот за јавно здравје ги презентираше резултати од истражувањето. Помалку сол и јаглехидрати им се потребни на нашите деца, посочи Спироски. Проф.д-р Валентина Павлова, декан на Технолошко-техничкиот факултет од Велес, во рамките на „Св.Климент Охридски“ од Битола. Д-р Неда Милевска-Костова од ЦРИС „Студиорум“ презентираше е-алатка, која може многу да помогне во креирањето менија во градинките и во училиштата.
Изготвено е нацрт-упатство за правилна примена на Правилникот за стандардите за исхраната и за оброците во основно училиште.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот