X
 13.03.2018 Живот

Џон Клиз: „Глупавите луѓе не знаат колку се глупави“

џон

Доколку сакате да ги прецените вашите сопствени способности, треба само да направите една од две работи: (а) да се издрогирате и (б) да седнете позади волан. Но што ако проблемот е многу подлабок од тоа? Всушност, што ако нашата неможност да ја согледаме нашата неспособност се совпаѓа со степенот на некомпетентност?

Сите сме сретнале луѓе кои едноставно не можат да сфатат дека во некои работи не се толку добри. „Проблемот со овие луѓе е дека се толку глупави, што немаат поим колку се глупави“, вели Џон Клез од Монти Пајтон.

„За да знаете дека сте добри во нешто потребни се исто толку вештини колку што се потребни за добро да го извршите тоа нешто, што значи дека ако не сте добри во нешто, тогаш ви недостасуваат вештини за да знаете дека не сте добри во истото тоа нешто“, вели тој.

Ова е краток вовед во ефектот Данинг-Кругер, когнитивна предрасуда во која неквалификуваните поединци страдаат од илузорна супериорност, погрешно толкувајќи ја нивната способност многу повисоко отколку што е. Ова е благодарение на метакогнитивната неспособност на неквалификуваните да ја препознаат нивната непостојаност (и висококвалификуваните индивидуи да ја потценат нивната компенентеност, погрешно претпоставувајќи дека задачите што им се чинат лесни, се лесни и за другите).

Ефектот потекнува од истражувачите на Универзитетот Корнвел, Џастин Кругер и Дејвид Данинг.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот