Џон Босвел снимил десетминутно видео во кое успеал да сумира 13.8 милијарди години - од Биг Бенг до настанувањето на човекот.
Секоја секунда претставува 22 милиони години, а човекот се појавува дури во последната секунда.
Нараторите на видеото се Морган Фриман, Брајан Кокс, Карл Сејган и Дејвид Атенбороу. Во описот на снимката авторот објаснува дека со ова сакал да покаже колку е стар универзумот и колку луѓето се мали во споредба со светот во кој живеат.
Тој користел
податоци и снимки од НАСА и многу други извори.