X
 19.02.2017 Наука

Планот на научниците да го „оживеат“ мамутот

мамут

Обидете се да замислите чудовиште кое изгледа на влакнест мамут - Mammuthus primigenius (долги влакна, со кои можат да издржат температура под нулата, со поткожно масно ткиво и посебно прилагодена крв), а има и карактеристики на слон.

Ова е животното кое научниците од Харвард се надеваат дека ќе го создадат (или вратат, со оглед на тоа што овој вид одамна исчезна). Тие ова сакаат да го направат во следните неколку години, комбинирајќи ја ДНК на слон и мамут со користење на „CRISPR“ технологија за уредување на гените.

Тимот својата идеја за „mammophant“, подобро познат како голем слон со карактеристики на мамут, ја претстави на американската асоцијација за унапредување на науката, во текот на состанокот во Бостон кој се одржа оваа недела. Тие изјавија дека нивната замисла може да стане реалност до 2019 година.

Научниците велат дека разговарале за враќање на мамутот кој исчезнал пред неколку илјади години, но пресврт донело откритието на одлично сочуваниот мамутски труп кој бил откриен во 2013 година. Била зачувана дури и прастара крв на изумреното животно. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука