X
 25.03.2018 Живот

Ова се 35. најдобри компании за 2018 според „LinkedIn“

Facebook, Amazon и Alphabet се најголемите имиња во технологијата и бизнисот, па не е изненадување што многу луѓе сакаат да работат таму. Но, во кои други компании сакаат да работат луѓето? Кои се најжешките компании во смисла на привлекување најмногу кандидати што сакаат да работат за нив? Професионалната мрежа наречена „LinkedIn“ го дава одговорот.

Користејќи податоци собрани од повеќе од 546 милиони луѓе што ја користат мрежата, „LinkedIn“ ги објави најпопуларните 50 компании каде што Американците најмногу сакаат да работат. Биле разгледувани степенот на кој корисниците гледале и аплицирале за отворените работни места во компанијата, бројот на следбеници и прегледи кои ги има страницата на компанијата, задржувањето на вработените и степенот на невработени кои на „LinkedIn“ сакаат да се поврзат со вработени во компанијата.


Фото: Pixabay

Ова се првите 35:

35. Nike

Седиштето на оваа мултинационална компанија за спортска опрема е во близина на Бевертон, Орегон. Во оваа компанија работат 74.400 луѓе од целиот свет.

34. Accenture

Оваа компанија за консалтинг е најголема во светот според приходот. Таа е глобална компанија која има канцеларии во повеќе од 200 града во 55 земји и повеќе од 411.000 вработени.

33. National Basketball Association

Лоцирана е во Њујорк и вработува повеќе од 2.180 лица.

32. Dropbox

Овој сервис за поставување фајлови беше основан во 2007 година и има повеќе од 1.900 вработени.

31. Cisco

Седиштето на овој телекомуникациски гигант е во Сан Хозе, а бројот на вработени во оваа компанија е 73.711.

30. Stryker

Ова е компанија за медицинска технологија, која е основана во 1946 година. Во неа работат повеќе од 33.000 луѓе.

29. EY

Седиштето на оваа ревизорска компанија е во Лондон. Таа има повеќе од 250.000 вработени.

28. Morgan Stanley

Morgan Stanley е корпорација за финансиски услуги и работи во 42 земји. Бројот на вработени во оваа компанија е 57.000.

27. Live Nation Entertainment

Лоцирана е во Беверли Хилс, Калифорнија, и е промотор на настани, а брои 8.800 вработени.

26. The Boston Consulting Group

Оваа компанија за менаџмент-консалтинг оперира во 48 различни земји. Брои повеќе од 14.000 вработени.

25. PwC

Ова е компанија за професионални услуги и има мрежа од фирми во 157 земји. Бројот на вработени во оваа компанија изнесува 236.235.

24. Goldman Sachs

Седиштето на оваа добро позната компанија за финансиски услуги е на Менхетн, а бројот на вработени во фирмата е поголем од 34.400.

23. Verizon

Седиштето на оваа телекомуникациска компанија е во Њујорк, а вработува 155.400 лица.

22. Deloitte


Оваа сметководствена компанија е лоцирана во Њујорк, а има 263.900 вработени од многу земји во светот.

21. Samsung

Бројот на вработени во овој електронски конгломерат, чие седиште е во Јужна Кореја, е поголем од 310.000.

20. IBM

Оваа мултинационална компанија за компјутерска технологија и консалтинг е основана во 1911 година, седиштето ѝ е во Њујорк, а има 378.000 вработени на глобално ниво.

19. LVMH

Конгломератот за луксузни нешта е лоциран во Франција, а на глобално ниво има 145.000 вработени.

18. JPMorgan Chase & Co.

Ова е шестата најголема банка во светот според вкупниот имот, а брои 240.000 вработени.

17. Dell Technologies

Седиштето ѝ е во Тексас, а дејноста ѝ е развивање, продажба и поддршка на компјутери. Бројот на вработени во оваа компанија е 140.000.

16. Time Warner Inc.

Седиштето на овој конгломерат медиуми за масовна комуникација и забава е во Њујорк. Компанијата е основана во 1990 година и има 25.000 вработени.

15. Airbnb

Ова е сервис за наоѓање сместување преку интернет и неговото седиште е во Сан Франциско. Основан е во 2008 година и има повеќе од 4.000 вработени.

14. Adobe

Оваа софтверска компанија е базирана во Калифорнија и има 18.000 вработени.

13. McKinsey & Company

Седиштето на оваа компанија за менаџмент-консалтинг е во Њујорк, а на глобално ниво во неа работат 25.000 луѓе.

12. Uber

Лоцирана во Сан Франциско, Uber е транспортна компанија во која работат 15.000 луѓе.

11. Spotify

Овој музички сервис е основан во Стокхолм, Шведска, и има 2.960 вработени.

10. Netflix

Оваа многу популарна компанија е основана во 1997 година во Калифорнија, а има 5.500 вработени.

9. Oracle

Ова е софтверска компанија чие седиште е во Калифорнија, а на глобално ниво има 138.000 вработени.

8. The Walt Disney Company

Основана е во 1923 година, лоцирана во Калифорнија и е една од најпознатите компании во светот. Овој конгломерат од средства за масовно комуницирање има 199.000 вработени.

7. Comcast NBCUniversal

Седиштето на овој медиумски конгломерат е во Њујорк, а на глобално ниво има 164.000 вработени.

6. Apple

Лоцирана во Калифорнија, Apple е најголемата технолошка компанија во светот според приходите. Во оваа компанија работат 123.000 луѓе.

5. Tesla

Лоцирана во Калифорнија, оваа компанија за соларни панели и електрични автомобили брои 37.000 вработени.

4. Salesforce

Седиштето на оваа компанија е во Сан Франциско, а таа се занимава со таканаречена обработка во облак (cloud computing). Бројот на вработени во оваа компанија изнесува 30.000.

3. Facebook


Фото: Business Insider

Седиштето на оваа компанија е во Калифорнија, а во неа работат 25.100 лица.

2. Alphabet


Фото: Business Insider

Ова е компанијата што стои зад Google. Компанијата е американски технолошки гигант, чие седиште е во Калифорнија, а на глобално ниво има 80.110 вработени.

1. Amazon


Фото: Business Insider

Основана во 1994 година од страна на Џеф Безос, Amazon е компанија за електронска трговија, чие седиште е во Сиетл, Вашингтон. Бројот на вработени во оваа компанија е 566.000 на глобално ниво.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот