Корисниците на Фејсбук насекаде низ светот наскоро ќе имаат повеќе опции од само „Like“ копчето, кои ќе можат да ги избираат кога ќе одговараат на постови.
Компанијата минатата година го објави проектот „Facebook Reactions“ како алтернатива на „Like“ копчето кој доаѓа како шест емотикони проследени со чувствата: лут, тажен, wow, haha, yay и љубов. Фејсбук изврши тестирање на проектот во Шпанија и Ирска, а потоа во Чиле, Филипините, Португалија и Колумбија. Реакциите следната недела конечно пристигнуваат и во останатите делови од светот.
Извештајот забележува дека Фејсбук работел со социолози за избирање на фотографиите кои изразуваат одредени емоции. Дополнително на тоа, понудени се и реакции кои се посоодветни за користење во одредени ситуации - на пример, доколку починало домашното милениче на одреден корисник, копчето „Like“ беше единствената опција за невербално изразување на емоцијата, меѓутоа и не беше баш соодветно за таквата ситуација.
Со долго притискање на дното на постот или на постот а мобилен телефон, панелот со шест можности ќе излезе. Подолу излегува број на тоа колку пати секоја емотикона е избрана за тој пост.
Иако извештајот не кажува детално кога функцијата ќе биде достапна за сите, главниот менаџер за производи на Фејсбук Крис Кокс изјави дека тимот презема мерки за да не се брза во текот на процесот.
Иако корисниците на Фејсбук долго време го очекуваа копчето „Dislike“ како спротивност од „Like“, сепак извршниот директор Марк Цукерберг претходно ја изрази својата загриженост дека опцијата би пренесувала многу негативност.