X
 04.04.2018 Култура

Би-би-си го изедначува бројот на машките и женските експерти


Табла „Би-би-си“
(Фото: Reuters / Neil Hall)


Британската медиумска куќа Би-би-си сака во рок од две години да има еднаков број машки и женски експерти во своите емисии, соопштуваат од овој медиум.

Се наведува дека планот се однесува на работниците, а не на лидери или личности на одговорни позиции.

Извештајот за напредокот ќе биде објавен за една година.

Би-би-си неодамна беше критикуван поради нееднаквите примања на неговите машки и женски ѕвезди и вкупната разлика во примањата на мажите и жените, која изнесува 9,3 отсто.

Истражување на лондонски универзитет од 2016 година покажало дека во емисиите на тројца машки експерти од ноември 2015 до март 2016 година гостувала само една жена.

Емисијата „Вести во десет“ имала сооднос 3,8 : 1.

Генералниот директор на компанијата изјавил дека стремежот кон поделбата 50 : 50 „ќе го промени спектарот на експертските мислења на Би-би-си“.

Би-би-си минатата година вети дека до 2020 година жените ќе сочинуваат половина од телевизиските и радиопрезентери, како и на управните позиции.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура