Србија со години има проблеми со недостиг на професионални возачи, а според сегашните процени, во моментов на земјата ѝ се потребни 12.000 работници со оваа професија, изјавил генералниот директор на „Србијатранспорт“, Горан Алексиќ, пренесува „Капитал“.
Според Алексиќ, потребни се повеќе возачи на автобуси отколку возачи на камиони. Проблемите со недостигот на професионални возачи во Србија започнал пред повеќе од 10 години, односно со укинувањето на задолжителното служење воен рок. Претходно токму од војската излегувале многу возачи.
- Исто така, беше зголемена старосната граница за професијата, особено кога станува збор за возачите на автобуси, бидејќи кај нас возачкиот испит за возење автобус може да се полага дури на 24 години, а во некои земји тоа е можно на 18 години - посочил Алексиќ.
Тој додал дека до недостиг на возачи дошло и поради демографската слика во Србија, односно стареење на жителите и намалување на населението, а сето тоа се случува кога во земјите се отвораат фабрики и транспортните услуги се побарани.
Според Алексиќ, проблемите доведуваат и до намален квалитет на транспортните услуги. Објаснувајќи зошто и покрај добрата плата луѓето не сакаат да ја работат оваа професија, Алексиќ вели дека не е лесно, но и потребни се пари да се стане професионален возач.
- Неопходно е да се издвои голема сума за да се оди на обука и да се положи испитот, а потоа возачите секоја година мора да одат на еднодневна обука, која исто така чини многу - изјавил Алексиќ.
Извор:
Capital
Насловна фотографија: Pixabay