X
 04.04.2018 Технологија

Македонски Телеком отвори инкубатор за дигитални таленти

Македонски Телеком денеска го отвори првиот инкубатор за дигитални таленти. Тој ќе биде место каде младите таленти ќе имаат можност да работат на развој на иновативни идеи и решенија со кои ќе ја поттикнат дигитализацијата во општеството и ќе се развијат во вистински професионалци. Дваесет студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и Економскиот факултет од Скопје ќе работат на дигитализација на процесите на Македонски Телеком, како и на нивните апликации.



Студентите, кои доаѓаат од областа на ИТ, телекомуникациите и е-бизнисот се избрани од ФЕИТ, ФИНКИ и Економскиот факултет. На почетокот тимот ќе се состои од дваесетина студенти, бројка, која со тек на време ќе расте. Најдобрите ќе имаат можност да се вработат и да стекнат интернационално искуство од најдобрата телекомуникациска компанија во земјата. Македонски Телеком гледа на дигиталната трансформација како на континуирано патување во кое ќе ги вклучи и младите луѓе кои ги следат најновите трендови и кои ќе понудат иновативни решенија.



„Ништо не може да го смени толку темелно нашиот живот како процесот на дигитализација. А ние во Телеком сме многу сериозни кога велиме дека сакаме да сме лидер во тој процес. Ова ново партнерство е „win win“ комбинација за двете страни – ние како корпорација добиваме свежи и нови идеи, а студентите стратешки партнер за развој на нивните идеи и професионален потенцијал. Работиме на откривање и изградба на професионалци и ги охрабруваме на иновативен пристап во работењето, а ваквиот бизнис модел очекуваме да донесе позитивни резултати и тоа многу скоро - изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком“.

- Инкубаторот е дизајниран во стил на технолошките гиганти како „Гугл“. Благодарни сме што имаме вакви услови за работа. Сигурни сме дека нашите иновативни идеи споени со искусниот кадар од Телеком ќе допринесе до одлични резултати. Вакво искуство е добредојдено за младите студенти како нас – рече Никола Спасовски



Анита Антиќ е апсолвентка на на Економскиот факултет во Скопје. Таа истакна дека е среќна што токму тука ќе ја извршува практичната настава.

- Нашиот придонес ќе биде главно во делот Е -Бизнис, дигитализација на целиот процес, односно плаќањето на сметките. Треба да ги доближиме апликациите до пошироката јавност, особено за онлајн плаќањето – рече Антиќ.

Апликациите кои ќе ги создаваат студентите треба да придонесат најпрво кон поедноставување на работните процеси во Телеком, а се очекува со тек на време, со ваквиот начин на работа да се трансформираат и продуктите и услугите на компанијата.

За новиот тим Телеком опреми простории по теркот на светските технолошки гиганти, за да имаат инспиративни услови за работа.
Подготвил: М.А.М.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија