X
 18.01.2021 Култура

Гоце Цветановски го објави првиот тизер за својот игран филм „Денот на жената“

Режисерот и сценарист Гоце Цветановски го објави тизерот за својот прв игран филм „Денот на жената“. Станува збор за социјално-ангажиран крими-трилер кој се фокусира на темата трговија со луѓе, со посебен акцент на насилството врз жените. Пораката на филмот е оптимистична - дека, сепак, правдата е посилна од неправдата.

Филмот е по сценарио на Цветановски, а главната улога ја толкува актерката Слаѓана Вујошевиќ. Двајцата претходно имаат соработувано на повеќе проекти, меѓу кои е и видеоспотот на песна на „Феит ноу мор“, а во последните две години и на „Сказните на Биби“. Општествено-ангажираниот филм, кој има модерен и урбан пристап, се снимаше главно во Скопје и на една локација во Куманово, вели режисерот. Директор на фотографијата е биде Фејми Даут, кој заедно со Самир Љума доживеа голем успех со филмот „Медена земја“.



„Денот на жената“ е сценарио што Цветановски го напишал уште додека бил на студии во Франција и му било дипломска работа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура