Поминаа речиси 40 години откако првпат се запознавме со Ралфи Паркер во „Божиќна приказна“ (A Christmas story). Сега конечно филмот добива продолжение кое има наслов „Божиќ со божиќна приказна“ (A Christmas story Christmas).
Ејч-би-о штотуку објави кратко видео за претстојниот филм, во кој Питер Билингсли повторно ќе го игра Ралфи Паркер. Во новиот филм возрасниот Ралфи се враќа во домот од детството со неговите деца.
Филмот ќе пристигне на платформите на Ејч-би-о на 17 ноември.
Извор:
Mashable
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)