X
 18.01.2022 Живот

Од четврток во Бугарија само вакцинирани или прележани со негативен ПЦР

Новата епидемиолошка слика и ставањето на Македонија во т.н. црвена зона поради бројот на болни од ковид-19 ги смени условите за влез во соседна Бугарија, каде што од 20 јануари македонските државјани ќе можат да влезат со приложување валиден сертификат за вакцинација против ковид-19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа.

По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, надлежните институции на Република Бугарија донесоа нова одлука за влез во Бугарија на нашите државјани.

Поради влошената епидемиолошка ситуација, Северна Македонија продолжува да биде во т.н. црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.

За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР-тест.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот