Пред почетокот на училишната година, децата во Софија, Пловдив и во Русе ќе може да добијат бесплатна книга по избор доколку донесат 5 килограми хартија за рециклирање.
Кампањата наречена „Стара хартија за нова книга“ ќе биде реализирана во септември во овие три бугарски града. Организаторите ќе постават центри за собирање стара хартија на 11 септември во Русе, на 17 септември во Пловдив и на 18 септември во Софија. Училишната година во Бугарија започнува на 15 септември.
Доколку некој ученик донесе дополнителни 5 килограми стара хартија, ќе добие специјална книга испечатена за кампањата. Книгата има факти и совети за чување на околината.
Во рамките на истата кампања минатата година биле собрани речиси 300 тони стара хартија. Во неа учествувале 55.828 деца што добиле 66.000 книги.
Извор:
The mayor
Насловна фотографија: Pixabay