X
 18.02.2020 Живот

Кинез истрчал маратон во дневната соба

Страсниот кинески атлетичар Пан Шанцу истрчал ултрамаратон во својот стан откако останал затворен поради страв од коронавирусот, очајнички обидувајќи се да остане физички подготвен.

Кинеската влада агресивно ги поттикнува луѓето на телесни вежби за да си го засилат имунитетот и да се борат со заразата, која досега однесе над 1.790 животи.

Шанцу со леснотија ќе освои неофицијален златен медал бидејќи за 6 часа и 41 минута во станот истрчал 66 километри. Неговата апликација со податоци го докажува сето тоа, а атлетичарот снимил и видео како трча околу мебелот во станот.

- На почетокот малку ми се вртеше во главата, но се навикнав по толку многу истрчани кругови - рече 44-годишникот од Хангџоу.

Во друга пригода тој истрчал в место цели 30 километри, и тоа во својата бања, а сето тоа во живо го пренесувал на интернет. Вели дека со овие примери сака да ги поттикне другите луѓе што сега се затворени во своите домови.

Кинеските власти почнаа посебна кампања во која нивните олимпијци му демонстрираат на населението како да останат во добра форма во „привременото заробеништво“ во нивните домови.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот