Дмитриј Гаврилов, лингвист од Москва, е вљубеник во Источна и во Јужна Европа. Овој необичен Русин зборува српски јазик, а има и роднина во Босна и Херцеговина, со кој неодамна, по долго време, повторно воспоставил контакт.
фото извор: Дмитриј Гаврилов
Тие двајца ја иницирале несекојдневната идеја - да се организира маратон со велосипеди низ територијата на 7 балкански земји. Основната идеја на маратонот е симболично приближување на жителите на балканските земји, кои немилите настани од 90-тите години ги оддалечиле едни од други.
Балканскиот маратон е планиран за август, а би требало да трае точно 4 седмици или 28 дена – од 1 до 28 август.
Дмитриј знае дека обврските што ги наметнува модерниот живот не му дозволуваат да учествува на ваква манифестација. Затоа одлучил маратонот да го подели во 4 етапи. Предвидено е секоја етапа да трае 7 дена, а потенцијалните учесници можат да се приклучат на почетокот од која било етапа. Маратонот ќе се реализира низ Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Походот започнува од Љубљана, а завршува во Скопје.
Дмитриј вели дека за него ова претставува најинтересна и најважна авантура во животот. Секако ги советува оние што сакаат да учествуваат да се движат по пократки релации и да бидат подготвени за искушенијата кои со себе ги носи маратонот.