Потребна ми е помош. Имам 2-годишен син кој во последно време пребурно и да речам агресивно реагира ако нешто не е по негово - гризе, фрла, удира, се мава од земja и прави ред други работи. Неколку пати имавме ситуација да се вознемири до тој степен што не успеавме да го смириме. Се трудевме од причина што мене ми изгледаше како да не е свесен што прави од лутина и можеше да се повреди додека одбиваше да го смирам - како да се плаши и да не нè препознава со сопругот. Го оставивме да дивее сè до моментот кога одлучи сам да се смири и да дојде кај мене разлигавен, расплакан и задишан повторувајќи „ма, ма, ма, ма“.
Ова е дел од читателско прашање, упатено до психолозите соработници на
Деца.мк.
Одговорот на Христина Стефановска прочитајте го на овој
ЛИНК.