X
 18.03.2020 Живот

Јулиј Цезар: Немаме од што да се плашиме, освен од самиот страв

Римскиот воен и политички водач, писател и државник е една од најпознатите историски личности како резултат на комбинација од таленти - командување во битка, државништво, говорништво, пишување, владеење, пријателство и разговор. Тој имал огромна волја и храброст. Бил обожуван од луѓето во Рим и прогласен за бог.

Бил голем реформатор и основач на Римското Царство, а се смета за исклучително важна историска личност без која не би го познавале светот каков што е денес.

Ова се некои од неговите најинтересни изреки:

cezar
Фото: Pixabay

- Коцката е фрлена!

- Дојдов, видов, победив!

- Зар и ти, Бруте?

- Немаме од што да се плашиме, освен од самиот страв.

- Подобро е да умрете ненадејно отколку да страдате од смртта цел живот.

- Страшливците умираат многу пати пред конечната смрт.

- Сакам слава повеќе отколку што се плашам од смртта.

- Раздели, па владеј.

- Луѓето секогаш ќе веруваат во она што сакаат да веруваат.

- Живеев доволно долго за да ги задоволам природата и славата.

- Попрво би бил прв во село отколку втор во Рим.

- Полесно е да се најдат луѓе подготвени да умрат доброволно отколку оние што се подготвени трпеливо да издржат мачење.

- Никој не е толку храбар за да не го вознемири неочекуван настан.

Извор: 6yka.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот