X
 02.04.2015 Култура

Одри Хепберн: „Вистинската убавина на жената се наоѓа во нејзината душа"

Едноставна и уникатна, оваа жена лесно стана синоним за елеганција и соодветно однесување, женски шарм и ретка стилска икона чиишто правила за убавина се`уште важат. Со кратка или долга коса, фустан или пантолони - Одри Хепберн беше и ќе остане кралица на елеганцијата која не` научи дека...

1. Понекогаш едноставниот фустан е се` што ви треба.

2. Ракавиците додаваат допир на софистицираност на било која облека.

3. Коланот ставен на средината на фустанот создава прекрасна форма.

4. Никогаш не можете да погрешите со црвен кармин.

5. Едноставната боја создава класичен изглед.

6. Очилата одат со буквално секоја облека - дури и формалната.

7. Класичната и практична торба никогаш не излегува од мода.

Но, Одри не беше само визија за стилот. Она што најмногу го сакаме во врска со нејзиниот стил е нејзиниот став кон добрината. Со оглед на тоа што таа остави голем печат во овој свет, не можеме а да не се сетиме на нејзините прекрасни зборови за убавината и мудростите на животот.

8. Убавината на жената мора да се гледа од нејзините очи, бидејќи тие се вратата до нејзиното срце, местото каде што живее љубовта.

9. За убави очи, барајте го доброто во другите; за убави усни, зборувајте само добри зборови, а за држење и став, одете со знаењето дека никогаш не сте сами.

10. Елеганцијата е единствената убавина која никогаш не избледува.

11. Како што растите и созревате, ќе откриете дека имате две раце - една за да си помогнете себеси, а друга за да им помогнете на другите.

12. Луѓето многу повеќе од работите треба да бидат обновени, оживеани, повторно потврдени и спасени; никогаш не фрлајте никого.

13. Среќните девојки се најубави.

14. Читај повеќе. Заљуби се. Јади прво десерт. Пишувај писма. Патувај низ светот. Оди на часови за готвење. Носи повеќе бои. Уживај во животот. Гледај повеќе зајдисонца. Научи француски. Сонувај големи нешта.

15. Твоето срце едноставно се крши, тоа е се`. Но не можеш да судиш и да го вперуваш прстот. Едноставно треба да имаш доволно среќа да пронајдеш некој кој ќе те цени.

16. Минатото ми помогна да ја ценам сегашноста, такашто не сакам да уништам ништо грижејќи се за иднината.

17. Да бидам искрена, се`уште читам бајки - нив ги сакам најмногу од се`.

18. Запомни дека ако некогаш ти е потребна дланка за помош, таа се наоѓа на крајот на твојата рака.

19. Животот е забава, облечи се за на забава.

20. Никогаш не сум мислела за себеси дека сум икона. Она што е на ум на другите луѓе, не значи дека и јас истото го мислам. Јас едноставно си ги правам работите како што сакам јас.

21. Вистинската убавина кај жените се наоѓа во нивните души. Тоа е грижата која љубовно ја дава, и страста која таа ја знае.

22. Најдоброто нешто кое можете да го држите во вашиот живот е еден со друг.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура