X
 30.06.2024 Живот

Стивен Хокинг за животот, филозофијата и целта во животот

Стивен Хокинг е еден од најголемите умови на нашето време, не само поради неговото истражување за формирањето и составот на вселената, туку и поради неговата уникатна перспектива на Земјата.

Иако му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС) и му било кажано дека ќе живее најмногу две години по дијагнозата, тој продолжил со своето истражување и работа комуницирајќи преку уред за генерирање говор и еден мускул на образот.

Почина на 76-годишна возраст, на 14 март 2018 година, но неговото наследство живее преку неговата значајна научна литература и многу цитати од неговите многубројни јавни настапи и пишувања. Хокинг беше инспирација за сите луѓе.

Во продолжение се најнезаборавните цитати на Хокинг за подобро да ги разберете неговите вредности и верувања.

- Животот би бил трагичен да не е смешен.

- Не се плашам од смртта, но не брзам да умрам.

- Прво, не заборавајте да гледате нагоре во ѕвездите, а не надолу во вашите нозе. Второ, никогаш не откажувајте се од работата. Работата ви дава смисла и цел, а животот е празен без неа. Трето, ако сте доволно среќни да најдете љубов, запомнете дека е таму и не отфрлајте ја.

- Луѓето што се фалат со својот коефициент на интелигенција се губитници.

- Ние сме само напредна сорта на мајмуни на мала планета од многу просечна ѕвезда. Но, ние можеме да го разбереме универзумот. Тоа нѐ прави посебни.

- Науката не е само ученик на разумот, туку и ученик на романтиката и страста.

- Едно од основните правила на универзумот е дека ништо не е совршено. Совршенството едноставно не постои... Без несовршеност, ниту ти ниту јас не би постоеле.

- Кога нечии очекувања се сведени на нула, тој навистина цени сѐ што има.

- Интелигенцијата е способност да се приспособиме на промените.

- Тивките луѓе имаат најгласни умови.

- Ништо не е подобро од читање и стекнување сѐ повеќе и повеќе знаење.

- Човечкиот капацитет за вина е таков што луѓето секогаш можат да најдат начини да се обвинуваат себеси.

- Ние сме во опасност да се уништиме од нашата алчност и глупaвост. Не можеме да останеме да гледаме внатре во себе на мала и сè позагадена и пренаселена планета.

- Јас сум само дете кое никогаш не пораснало. Сè уште продолжувам да ги поставувам овие прашања „како“ и „зошто“. Повремено наоѓам одговор.

Извор: Parade.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот