18.04.2019
Живот
Девет години Лото и Џокер на Државна лотарија
На 23 април 2010та година, Државна лотарија, започна со приредување на првата Лото игра под име НовоЛото. Моделот на игра беше дизајниран според можностите и пазарот во 2010та година. Едновремено беше воведена и играта Џокер како дополнителна игра. Обете игри се приредуваат веќе девет години.
Во богатиот историјат на премии, првата 7ка се запиша во Битола, а првата Џокер премија во Делчево.
Во историјата на НовоЛото, среќната приказна на Лото 7ките започна во Битола, со првата премијата за 7ка, која на играч од Битола му донесе 21.173.081,00 денари, во извлекувањето одржано на 9ти мај 2011та година. Најголема премија до сега, носеше 7ката постигната во октомври 2016та со вкупна вредност од 27.503.930,00 денари.
Седумката, во своите досегашни посети, беше по еднаш во Свети Николе, Неготино, Тетово и Струмица, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје. Во запознавењето со добитниците, дознавме дека една од 7ките во Битола е уплатена од играч од струшко село, а меѓу скопските 7ки имавме и играчи од различни краишта на земјата.
Џокерот со 6 погодоци изненади по два пати во Делчево и Скопје и по еднаш во Струмица и Берово. Најголемата Џокер премија е освоена на 12ти март 2016та во Струмица со вредност од 3.221.285,00 денари, а втората по големина, со вредност од 3.003.077,00 денари, беше постигната во 2013та, во Делчево.
Лото и Џокер се игри на среќа, а со среќата никогаш не се знае. Во историјата на НовоЛото, до сега, популарната седумка падна 21 пат, а од тоа, 12 пати без собран фонд, при што Државна лотарија го исплати гарантираниот фонд на добитниците на 7ка. Така беше и со последната - 21вата седумка која на добитникот му го донесе гарантираниот фонд од 6.000.000,00 денари, на 20ти јуни 2018та година. Од тогаш наваму, од коло во коло, фондот за 7ка бележи значаен раст и висината на премијата се ближи кон 28.000.000 (дваесетиосум милиони) денари.
Во играта Џокер, до сега славевме со шест добитници на премија за Џокер со 6 погодоци, од кои кон тројца, Државна лотарија исплати гарантирани премии од по 600.000,00 денари. Последната премија за Џокер со 6 погодоци беше постигната на 14.09.2016та, од кога фондот за премијата континуирано се полни и веќе надмина 4.200.000,00 (четиримилиони и двестаилијади) денари
Дел од добитниците на премиите од Лото и Џокер и јавно ги запознавме, дел сакаа да останат анонимни, но посебно не радува што добиените средства од игрите на среќа кои ги приредуваме, на сите им го променија животот на подобро.
Активна консултација со играчите за можни подобрувања на игрите
Државна лотарија, како одговорен приредувач на игрите на среќа, преку активна комуникација со играчите на терен, низ продажната мрежа, на бројни промотивни активности, преку комуникацијата на социјалните медиуми, како и спроведуваните анкети на уплатно-исплатните места и на веб страната, ги собираше и анализираше советите, забелешките, желбите и очекувањата на играчите од игрите Лото и Џокер.
Игрите НовоЛото и Џокер, непроменети, заокружуваат девет години од почетокот на нивното организирање.
Наскоро нова енергија во играта Лото
Во тек на последните две години, тимот на Државна лотарија, посветено работи на внесување подобрувања и креирање можности за повисоки добивки за поголемо задоволство на играчите.
Со цел обележување на почетокот на 10тата година од приредување на Лото игри, стручните служби работат со зголемен интензитет на едно ново посовремено решение кое ќе внесе значително освежување и нова енергија во Лото играта. Имплементацијата на ова решение е во тек, а наскоро ќе биде и официјално најавно.
Лото и Џокер на Државна лотарија полнат 9 години од почеток на приредување
На влезот во 10тата година ќе најавиме нови изненадувања