X
 18.05.2020 Култура

Музеите го одбележуваат 18 Мај со затворени врати и виртуелни поставки

Денеска светот го прославува 18 Мај – Денот на музеите во поинакви услови од останатите години. Денот кога сите музеи во светот се најчесто отворени и бесплатен е влезот за публиката, пандемијата од Ковид-19 и музеите ги стави под клуч. Дигиталните и вртуелни тури ги заменија реалните прошетки низ поставките.

Светскиот ден на музејските работници во земјава им го честита Маја Чанкуловска-Михајловска, претседателка на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (ИКОМ). Таа вели дека 2020 година ја започнавме со надежи за реализација на амбициозни локални и меѓународни проекти, кои поради пандемијата се ставени во состојба на условна „пауза“.

- Честитката за овој, за нас најзначаен ден ми е особено горчлива затоа што за прв пат на неодредено време мораме да ги одложиме традиционалните советувања, средби, промоции, награди на музејските работници. Сепак, и во вакви услови, доаѓа до израз основната мисија и значење на музеите како места во кои се собира, чува, заштитува и презентира културното наследство и уметноста. Така, музеите станаа дигитално проактивни, а работата на музејските професионалци стана поинаква. Различната работа насочена кон осмислување на нови инвентивни начини за одржување на интересот на јавноста во период на затвореност за посети на изложбите и колекциите, од своја страна, стана тло за отворање/осознавање на различни преспективи на дигиталното функционирање на креативните платформи за интерактивна комуникација – вели Чанкуловска-Михајловска.


Музејот на Македонија во Старата скопска чаршија / Фото: Википедија

Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура