X
 18.05.2023 Живот

IQ UP Кавадарци е место каде што образованието добива на квалитет

Наша главна цел како франшизо-даватели и креатори на IQ UP! франшизата, методологијата и програмите, преку постојана поддршка и развој, е да овозможиме квалитетна едукација и запазување на стандардите во сите IQ UP! училишни центри во нашата франшизна мрежа. За таа цел, тимот на IQ UP! оваа недела беше во посета на IQ UP! училишниот центар во Кавадарци.

Насмеани лица, деца што не сакаат да ја напуштат просторијата, прашања што ќе се случува наредниот час. Ова беше атмосферата што нѐ пречека во IQ UP! Кавадарци училишниот центар, каде што се сретнавме со Габриела Делова-Јованова, со која го правиме денешното интервју.

Во просторијата која дури и нам ни го краде вниманието: компјутери, микроскопи, виртуелни очила, глобуси, сончев систем, лабораториска опрема, електронски сетови; седнавме да поразговараме со Габриела за IQ UP! училишниот центар во Кавадарци и да ви откриеме што се случува таму.




Може ли накратко да ни објасните што претставува IQ UP!?

- Најкраткиот одговор на вашето прашање е дека IQ UP! ја дава, или барем се труди да ја даде, смислата на образованието. Во образовниот систем децата добиваат многу теорија, а малку пракса. IQ UP! ја надополнува таа празнина и ја нуди практичната страна на науката.
IQ UP! е иновативен едукативен концепт за СТЕМ-едукација (наука, технологија, инженерство и математика), базиран на уникатна методологија во која се користат напредни техники и пристапи на едуцирање на децата за да стекнат функционално знаење и интелектуални вештини (логика, креативност, критичко размислување, способност за решавање проблеми, комуникациски вештини, самодоверба и тимска работа).

Онаа што особено ме фасцинира е осознавање на поимите преку сензорните сетила.

Знаете, истражувањата покажуваат дека секое дете учи на различен начин: некое преку слух, друго преку вид, трето преку допир. IQ UP! ги решава сите дилеми токму преку користење на сите сетила. На тој начин, овозможува сензорно учење и со тоа им дава трајно знаење кај децата. Да илустрирам: зарем има поубав начин да се учи за ерупција од тоа да застанеме во лабораторија, да облечеме мантили и да ставиме очила за експериментирање и да ја доживееме ерупцијата на самото место. Да ја видиме со свои очи. Или да научиме за Сончевиот Систем така што ќе бидеме виртуелно во универзумот. Да ставиме виртуелни очила и да гледаме како планетите орбитираат околу Сонцето.



Што е она што го прави IQ UP! Кавадарци поразличен од другите воншколски активности што ги нуди вашиот град?

- И покрај тоа што ќе звучи нескромно, би рекла сѐ. Од методологија, начин на учење, до содржина. Токму тоа беа предностите што ме привлекоа да инвестирам во оваа франшиза и да ја донесам поблиску до моите сограѓани.

Како родители навистина сме изложени на многу понуди за воншколски активности кои се нудат како најдобри за нашите деца. И веројатно секоја од нив е добра во својата област. Треба да сме навистина благодарни што во Кавадарци има одлична понуда за да им дозволиме на нашите деца подобра едукација.

Но она што го издвојува IQ UP! од другите е што нуди сѐ на едно место. И физичка и ментална гимнастика. Нашите часови воопшто не наликуваат на она што се очекува од една училница. Кај нас нема класични клупи и столчиња, нема табла. Но има премногу нагледни средства и дидактички материјали. Образовните поими ги учиме преку физичка игра, со мозочно будење, со малку трчање и скокање, со правење експерименти, со истражувања, со работа на проекти, со едукативни игри, со виртуелно патување. Ние немаме специјалност само математика или само читање. Напротив, преку поврзување на предметите и поимите ги заокружуваме основите на образованието. Давајќи им солидна основа, им помагаме полесно да ги препознаат своите лични интереси и да им помогнеме полесно да се профилираат подоцна во животот. Зашто не можете да очекувате од некој да сака да стане научник ако не му дозволите да го доживее чувството да се биде научник - со вистинска лабораторија, со вистински микроскоп, со вистински епрувети и преку соодветни експерименти. Или пак физичар, а да не му покажете на самото место за простите машини, за струјното коло, за астрономијата.



Кој може да ги посетува курсевите во IQ UP!?


- IQ UP! Кавадарци е отворен за сите деца на возраст од 5 до 12 години. Од септември ќе имаме програми и за деца од 3 до 5 години. Сите што сметаат дека им треба поттик во учењето, и на сите љубопитни кои сакаат сето она што го научиле во училиште да го видат како функционира во практика. Ние не веруваме дека постојат добри и лоши ученици. Сметаме само дека недостигаат подобри услови во традиционалниот образовен систем во кој ќе дојдат до израз нивните вештини и знаења. IQ UP! ги овозможува тие услови и ги препознава талентите на сите деца поединечно. Убавината на нашето училиште е што децата учат во мали групи, па секое дете има доволно време да ги осознае работите. А наставата се одвива во толку стимулативна и забавна средина, што кај децата се раѓа љубов кон учењето. Секако, со поттик од нашите специјално обучени учители кои поминуваат низ ригорозен и доста тежок тренинг за да го овозможат сето тоа.



Покрај сѐ што споменавте, во IQ UP! програмите се нуди и програмирање за деца. Дали можете да споделите повеќе информации за овој сегмент од IQ UP! едукацијата?

- Живееме во дигитален свет, каде што технолошките достигнувања се случуваат на дневна основа. Најголем дел од работите ги правиме преку паметни телефони и преку компјутери. Во такви околности станува незамисливо да не се инвестира во подобро запознавање со технологијата и бенефитите што ги нуди таа. А најдобар начин за тоа, секако, е преку програмирањето. Последниот дел од часот кај нас е наменет токму за тоа. Во зависност од возраста на децата, избравме соодветни програми кои во моментот се сметаат за најдобри во давањето на основите на програмирањето. И сме особено горди на тоа. Важно ми е да напоменам дека главната цел на воведувањето на децата во основите на програмирањето не е од секое дете да создадеме програмер, туку програмирањето го користиме како алатка за да развиеме кај децата вештини за размислување, решавање проблеми, логичко и алгоритмичко размислување.
На овој начин сметаме дека ги заокружуваме најважните сегменти од образовниот процес и сме сигурни дека му овозможуваме на секое дете трајно и применливо знаење кое ќе му биде од голема помош во сите понатамошни процеси од животот.



За крај, кажете ни какви едукативни содржини ќе нудите во IQ UP! Кавадарци ова лето за децата од вашиот град?

- Особено сме возбудени и среќни што ова лето ќе можеме да понудиме фантастичен едукативен летен камп за деца од 5 до 10 години. Тоа што IQ UP! летниот камп го прави уникатен и неверојатен е богатата програма која опфаќа изучување на СТЕМ-областите (наука, технологија, инженерство и математика) комбинирано со литература, географија, роботика за деца и програмирање за деца. Првпат децата во Кавадарци ќе имаат можност да се запознаат со роботчето Такобот, да го програмираат и да му задаваат команди за да извршува одредени задачи.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот