X
 04.12.2024 Живот

IQ UP! Битола - Врата кон глобалната СТЕМ-едукација под водство на светски докажаната учителка Весела Богдановиќ

Во срцето на Битола, IQ UP! училишниот центар, предводен од светски признатата учителка Весела Богдановиќ, отвора нови хоризонти за децата кои сонуваат за иднина исполнета со знаење, иновации и креативност. Со уникатната IQ UP! методологија, која ги комбинира најдобрите светски практики од СТЕМ-едукацијата (наука, технологија, инженерство и математика) комбинирано со литература и програмирање, децата во Битола сега имаат пристап до едукација која ги подготвува за глобалните предизвици на 21 век.

Весела Богдановиќ, единствената македонска добитничка на глобалното признание „50 најдобри едукатори во светот“, е личност со извонредна визија и посветеност. Нејзиниот инспиративен пристап и искуството како светски амбасадор за образование создаваат магија во училниците на IQ UP! Битола. Таа успева да го трансформира учењето во забавно, интерактивно и ангажирачко искуство за секое дете.



- IQ UP! не е само место каде што децата учат – тоа е место каде што тие стануваат истражувачи и научници и решаваат проблеми. Наша мисија е секое дете од Битола да има пристап до квалитетна едукација по светски стандарди, која ќе му помогне да го осознае својата сила и потенцијал - изјави Весела Богдановиќ.



Уникатноста на IQ UP! методологијата

Образование базирано на мозочна активност

IQ UP! ја применува науката за учење за да создаде средина која ги стимулира мозочните функции на децата. Програмите се базирани на мозочна пластичност, што значи дека часовите се приспособуваат на начинот на кој мозокот најдобро обработува и задржува информации. Овој пристап помага децата да учат брзо, ефикасно и со задоволство, притоа воведувајќи ги во магичниот свет на науката, технологијата, математиката и инженерството.



Преку литература до наука

IQ UP! ја интегрира литературата во СТЕМ-програмите, создавајќи холистички пристап кон научното учење. Литературните научни приказни во IQ UP! учебниците ги воведуваат децата во научните концепти на лесен и забавен начин, вклучувајќи емоции, морални пораки и фантазија, што го прави учењето забавно и незаборавно.

Играта како основа за учење

Истражувањата покажуваат дека учењето преку игра е најприродниот начин децата да го развијат својот интелект и вештини. IQ UP! ја користи играта за да создаде средина која поттикнува љубопитност и истражување, правејќи го учењето „неодоливо“. Секој час во IQ UP! е нова научна авантура каде што учениците преку експерименти, истражувања, мозочни вежби, логички задачи, предизвици и интерактивни игри го совладуваат учебниот материјал.

Креативно кодирање

IQ UP! им нуди на децата можност да ги применуваат своите знаења преку интерактивно кодирање и реални инженерски предизвици. Овие активности не само што ги развиваат техничките вештини, туку и ги учат децата како да размислуваат логично и иновативно.



IQ UP! – револуција во образованието


IQ UP! франшизната мрежа, со своите 11 центри низ целата држава, е пример за успешна синергија меѓу локалното и глобалното образование. Знаењето и искуството што се разменуваат меѓу центрите создаваат иновативни и унифицирани програми, кои ги задоволуваат највисоките образовни стандарди.

- Како дел од оваа мрежа, IQ UP! Битола не е само центар на наука, туку и на инспирација. Работиме заедно за да создадеме генерации подготвени за иднината - додава Весела Богдановиќ.

IQ UP! Битола не е само училиштен центар – тоа е место каде што се создаваат идните лидери, научници и иноватори. Со Весела Богдановиќ на чело, ова е центар кој претставува симбол на квалитет, иновации и посветеност кон образованието.

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на IQ UP! и следете ги на нивните социјални медиуми за најнови вести и информации.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот