X
 05.12.2022 Живот

Пријавите за бомби во кавадаречки училишта се лажни

Лажни биле пријавите за бомби во кавадаречките училишта, информира попладнево портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

- Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Кавадарци дека на електронските адреси на училиштата била испратена закана за поставена експлозивна направа. Утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки, утврдено е дека станува збор за лажни пријави - нагласи Самарџиев.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот